Хакирал мејлови и објавил разголени фотографии и видеа од над 40 жени – Каде е Хантер Мур денес, главниот лик од новиот документарец на Netflix?
- Детали
- понеделник, 01 август 2022
Велеше дека нема грижа на совест за разголените фотки што ги објавува, тврдеше дека ако некоја од жртвите се самоубие, тој само ќе заработи повеќе пари, го призна делото и беше осуден на затвор – Каде е и што прави денес Хантер Мур, најомразениот човек на интернет?
Новиот документарен филм на Netflix, The Most hated Man on the Internet, ја следи приказната на Хантер Мур и неговата озлогласена веб страна IsAnyoneUp.com каде во периодот од 2010-та година до 2012-та биле објавувани разголени фотографии од 100-тици луѓе.
https://www.youtube.com/watch?v=ySFpxEdKxMw
Филмот ја раскажува приказната од перспектива на жртвите, чиишто фотографии се нашле на веб страната без нивно знаење, односно биле жртви на хакерски напади при што им биле украдени фотографиите од мејловите.
Освен што објавувал разголени фотографии, тој ставал и директни линкови до Фејсбук профилите на жртвите, заради што голем број од девојките и момчињата што се нашле на неговата веб страна постојано биле изложени на интернет малтретирање и злоупотреби.
Тој тврдел дека фотографиите му ги препраќаат, а тој само обезбедува простор за објава, заради што цели две години властите не можеле ништо да му направат.
Животите на околу 40 жени биле целосно уништени заради оваа веб страна, а на нивните молби да ги тргне фотографиите, Хантер им се смеел во лице.
ФБИ речиси две години работел на тоа да докаже дека Хантер Мур ги објавува фотографиите со помош на хакерски напади и дека не станува збор за фотографии доставени од огорчени поранешни партнери кои сакале да се одмаздат.
Хантер себеси се нарекувал „професионален уништувач на животи“ и „крал на порното за одмазда“, но неговата слава траела кратко. Oткако ја признал вината добил 2.5 години затворска казна.
Како што се наведува на крајот на филмот на Netflix, Хантер првично ја прифатил поканата да учествува во серијата, а потоа се премислил.
Што знаеме за озлогласениот Хантер Мур, каде е и што прави денес?
За Хантер Мур нема премногу лични податоци, но се знае дека бил роден во Сакраменто, Калифорнија и дека се откажал од средното образование.
Како што се наведува и во филмот, тој воопшто не чувствувал грижа на совест додека ги крадел и ги објавувал фотографиите на жртвите.
„Ако некој се самоубие заради објавените фотки? Знаете колку пари ќе направам? На крајот на денот, не сакам никој да се повреди, но ако го направат тоа? Ќе им бидам благодарен за парите што ќе ги заработам од посети...“ – изјави Хантер во 2012-та година.