Разликата во годините станува позабележителна: Џорџ Клуни видно остарен, а Амал е како девојка (фото)
- Детали
- вторник, 26 јули 2022
Седата коса на Џорџ Клуни стана бела во целост, а брчките на неговото лице се сѐ поизразени. Актерот влезе во седмата деценија од животот, а неговата сопруга Амал изгледа неодоливо на 44 години. Папарацо фотки од парот кој сѐ уште важи за еден од најскладните парови во Холивуд.
Џорџ Клуни (61) долго време важеше за најпосакуваниот ерген во Холивуд, а многумина коментираа дека седата коса му дава посебен шарм и го прави уште попривлечен.
Во 2013-та година тој ја запозна 17 години помладата Амал Аламудин и така започна нивната љубовна приказна.
Тие се запознале преку заеднички пријател во неговата куќа на езерото Комо во Италија, а Џорџ во една прилика откри дека во неа се вљубил на прв поглед.
Веќе во октомври 2013-та година излегле заедно на првиот состанок, а само неколку месеци подоцна, во април 2014-та година Џорџ ја побара убавата Амал за сопруга.
Парот се венча во септември 2014-та година на езерото Комо, а во бракот добија две деца, близнаците Александар и Ела, кои растат подалеку од очите на јавноста, а нивната анонимност е најголем приоритет.
Џорџ и Амал долго време избегнуваа да се појавуваат во јавност, а ова лето имаа неколку јавни излегувања во кои може да се забележи дека разликата во годините станува сè позабележителна.
Неодамна тие беа фотографирани на излегување во Италија, каде во моментов се на одмор.
Амал изгледа неодоливо на возраст од 44 години, додека Џорџ кој веќе влезе во седмата деценија од животот, е видно остарен, но не се откажува од шармантниот изглед.
Сепак, како што може да се види од фотографиите, за парот и натаму разликата во годините е неважна и сѐ уште се еден од најскладните парови во Холивуд кои честопати уживаат во заедничките излегувања и прошетки во јавноста.
Актерот и самиот призна дека е пресреќен во бракот и е вљубен во својата сопруга.
Погледнете ги последните фотографии на парот од Италија:
Б. С. Б. | Црнобело