Бред Пит со години се труди да го нормализира носењето здолништа за мажи: „Се проветруваш во ваква облека“
- Детали
- четврток, 21 јули 2022
„Следното лето сите мажи ќе носат здолништа“ – тврдеше во 2004-та година Бред Пит во интервју по улогата во филмот „Троја“, а сега 18 години подоцна тој сѐ уште се обидува да го нормализира трендот. Вели дека во здолниште се проветрува и заради тоа избира да го носи.
Лененото миди здолниште со кое Бред Пит се појави на премиерата на Bullet Train деновиве е топ-тема во медиумите и на социјалните мрежи.
Актерот кој важи за еден од најубавите мажи во Холивуд, здолништето го искомбинира со комплет кафеав блејзер и розова кошула, а изгледот во целост го надополни со црни моторџиски чизми.
Тој во изјава накратко прокоментира зошто се одлучил токму за ваков аутфит: „Заради провевот“ – рече тој.
https://twitter.com/APEntertainment/status/1549515424282267649
Иако многумина сметаат дека здолништата за мажи се нешто што го воведе Хари Стајлс, Бред Пит со години наназад се појавувал во нив.
Во 2004-та година кога беше актуелен со улогата на Ахил во филмот „Троја“, актерот даде изјава за магазинот Vogue во која предвиде дека носењето здолништа за мажи под влијание на мега-популарниот филм, ќе стане вистински хит.
„Мажите ќе носат здолништа идното лето. Тоа е моето предвидување и изјава. Овој филм е подеднакво интересен и за двата рода, сакаме да бидеме реалистични и Грците носеле здолништа во тоа време“ – рече тој.
Инаку, твитерџиите имаат свои коментари за тоа како изгледа актерот во лененото здолниште на црвениот тепих.
Додека едни не можат да престанат да гледаат во неговите развиени нозе, други сметаат дека на себеси носи здолниште наменето за стари баби. Што мислите вие?
Погледнете уште неколку смели модни комбинации на актерот од минатото:
Б. С. Б. | Црнобело