Илон Маск ужива на Миконос со блиска пријателка, откако откри дека има 10 деца со 3 различни жени (фото)
- Детали
- понеделник, 18 јули 2022
Откако откри дека добил близнаци со негова вработена и беше забележан со новата 27-годишна девојка, Илон Маск ужива на Миконос. Но, со него не е ниту една од девојките со коишто е поврзуван, туку само група пријатели.
Неодамна Илон Маск ја разбранува јавноста откако откри дека добил близнаци со негова вработена, и тоа во периодот кога го очекуваше второто дете со бившата девојка Грајмс.
Но, милијардерот не е воопшто загрижен за критиките за потенцијалното неверство и „неодговорното однесување“, па деновиве ужива на грчкиот остров Миконос.
Милијардерот беше забележан на познатиот грчки остров со група пријатели, вклучувајќи ја и дизајнерката Сара Штаудингер со која наводно е многу близок.
Илон и пријателите се забавуваа на приватен брод, а милијардерот беше во лежерно издание со маичка, кратки панталони и влечки.
Иако Илон и Сара речиси постојано беа еден до друг, тие се само пријатели. Всушност, милијардерот моментално е во врска со 27-годишната актерка Наташа Басет. Наводно, тие се гледале повремено веќе неколку години.
„Илон и Наташа почнуваат врска и раскинуваат веќе неколку години. Мислам дека нивната врска е многу бурна, особено бидејќи тој има слична врска со Грајмс“, тврди извор близок до милијардерот.
Во меѓувреме, милијардерот откри и дека имал афера со негова вработена, по што доби близнаци.
Сепак, на Миконос Илон не беше придружуван од ниту една од девојките.
Прочитајте и: Најстариот син на Илон Маск сака да го промени полот и се откажува од татко му: „Не сакам да ме поврзуваат со него“
Илон Маск на Миконос:
Спирова С. | Црнобело