Ким Кардашијан за екстремната диета: „Добив псоријаза по целото тело, не можев да ги мрдам рацете, но ќе направам сѐ за да бидам убава“
По Мет Галата, Ким се најде на удар на критики затоа што премногу ослабела за да влезе во фустанот на Мерилин Монро. Таа раскажа дека диетата што ја држела сепак имала негативни ефекти врз нејзиното здравје.
Имено, Ким со години нананзад е на вегетаријанска диета со цел да ја контролира псоријазата, но за да влезе во фустанот на Мерилин Монро, морала повторно да јаде месо, што резултирало со осип по целото тело.
„Добив артритис предизвикан од псоријаза и не можев да ги мрдам рацете. Трпев болки и морав да одам на лекар за да ми препише стероиди.
Бев преплашена. Одлучив веднаш да престанам да консумирам месо и состојбата ми се подобри“ – раскажува таа.
По големиот број критики упатени до неа, дека се изгладнувала и промовира нездрав начин на живот, познатата ријалити ѕвезда одлучи да даде одговор:
„Доколку се изгладнував себеси, тогаш ќе признаев дека не испраќам добра порака. Но, соработував со нутриционист, со тренер. Во животот не сум пиела повеќе вода.
Не сум забележала дека ги критикуваат актерите кога ќе ослабат за некоја улога, туку сметаат дека е генијално тоа што го прават за уметноста.
Но, се навикнав на тоа постојано да бидам на удар на критики. Никој не ме почитува затоа што сум ријалити ѕвезда. Морам да работам многу понапорно за да покажам дека не сум таква каква што мислите“ – вели таа.
Инаку, таа посочи дека кога има руса коса се чувствува како сосема поинаква личност. Односно дека е многу посамоуверена, а признава дека истото се случува и со долгите нокти – тие ѝ даваат самодоверба, но кога треба да работи на компјутер веднаш ги вади затоа што не може да работи со нив.
Б. С. Б. | Црнобело