Се бори со анорексија, во лоши односи е со Амбер Херд – што знаеме за ќерката на Џони Деп?
- Детали
- понеделник, 27 јуни 2022
„Мојот татко е најмилата и најљубезната личност што ја познавам. Го предупредив за Амбер Херд, но не ме послуша“ – со овие зборови ќерката на Џони Деп застана во одбрана на својот татко. Што знаеме за неа?
Врската, а потоа и бракот на Џони Деп (59) со Амбер Херд (36) го чинеше многу. Неодамна актерот победи на мега-популарното судење за клевета, но самиот призна дека во периодот додека бил во брак со поранешната сопруга, не бил во најдобри односи со неговите деца од врската со Ванеса Паради.
Лили Роуз Деп во моментов има 23 години, а од нејзини 16 години работи како модел, кога ја започна првата кампања за Chanel.
На возраст од 16 години се откажа од средното образование за да се посвети на глумата. Познато е дека додека била тинејџер страдала од анорексија и сè уште се бори со неа.
Досега играла во повеќе филмови меѓу кои и во биографскиот филм за Исадора Данкан насловен The Dancer што својата премиера ја доживеа на филмскиот фестивал во Кан.
Во изминатиот период таа беше препознатлива по улогата во ТВ серијата The Idol, но и по тоа што и понатаму останува заштитно лице на Chanel.
Беше во врска со Тимоти Шаламе и Остин Батлер, а неодамна победата на нејзиниот татко ја прославила со нејзиното најново момче, францускиот рапер Јасин Штајн.
Но, како го прифати Лили Роуз Деп тоа што нејзиниот славен татко, по 14 години врска со мајка ѝ Ванеса Паради одлучи да го напушти семејството и да започне нов живот со Амбер Херд? Како Лили ја прифати новата сопруга на нејзиниот татко?
Додека Амбер тврдеше дека е во одлични односи со децата на Џони и дека е заштитнички настроена кон Лили Роуз Деп, дека тие се најголемиот подарок што некогаш го добила и дека е неизмерно среќна, тие не го делеа истото мислење.
Во какви односи е Лили Роуз Деп со Амбер Херд?
Наводно уште на почетокот на врската Лили Роуз ѝ напишала писмо на Амбер во кое ѝ кажала дека не ѝ се допаѓа начинот на кој таа се однесува со татко ѝ.
За време на судењето Џони Деп призна дека неговата ќерка не присуствувала на неговата свадба во 2015-та година затоа што таа и Амбер не биле во добри односи.
Притоа напомена дека во тој период Амбер постојано користела опојни супстанци (екстази и опојни печурки), а на поканите на свадбата пишувало дека распоредот се состои од вечера, танцување и дрога.
Уште од самиот почеток Лили Роуз застана на страната на нејзиниот татко. Во 2016-та година кога Амбер Херд побара на Џони Деп да му се издаде забрана за пристап, Лили објави на социјалните мрежи дека властите не нашле никакви докази на местото на настанот.
„Мојот татко е најмилата и најљубезната личност што ја познавам, тој беше прекрасен татко за мене и за мојот помал брат и јас, и сите што го познаваат ќе ви го кажат истото“ – напиша таа на Твитер.
https://twitter.com/Sani_SunBlonde/status/1510920733479870471