„Уште го сакам“ - Амбер Херд со шокантна изјава откако го обвини Џони Деп за силување и за насилство (фото+видео)
- Детали
- среда, 15 јуни 2022
„Текстот во кој говорев дека сум жртва на семејно насилство не се однесуваше на Џони Деп, а и покрај сè што се случи јас уште го сакам“ – Амбер Херд даде шокантна изјава во ексклузивно интервју по завршувањето на судското рочиште.
Судското рочиште за клевета меѓу Амбер Херд и Џони Деп заврши со победа на славниот актер, кој успеа да си го поврати угледот, но и да добие отштета од 10, 35 милиони долари.
Додека Џони е на турнеја со Џеф Бек, Амбер даде екслузивно интервју во кое изнесе тврдења што ги шокираа сите оние што со месеци наназад беа на нејзина страна и ја поддржуваа во борбата против насилството.
За време на судењето одбраната на Амбер го обвини Џони дека ја силувал со стаклено шише, дека ја тепал и ја малтретирал, а сега даде сосема поинаква изјава во ексклузивно интервју за NBCS.