Хајди Клум со телохранителот, Дејвид Бекам со асистентката – познати личности кои имале афери со вработените (фото)
Бен Афлек
Бен Афлек денес е во фокусот на јавноста заради обновената врска со Џенифер Лопез, но во минатото неговиот брак со Џенифер Гарнер постојано ги полнеше страниците на жолтиот печат.
Во 2015-та година, непосредно пред Бен и Џенифер Гарнер да соопштат дека се разведуваат, дадилката на нивните 3 деца Кристин Узониан излезе со тврдење дека имала афера со актерот.
Бен ги негираше тврдењата на дадилката, а Џенифер, пак рече дека аферата не била пресудна за разводот, туку дека бракот се распаднал затоа што нејзиниот сопруг е мошне тежок човек за заеднички живот.
Итан Хок
Итан Хок беше во брак со Ума Турман и заедно добија две деца, а во 2003-та година најавија дека се разведуваат откако претходно имаше гласини дека ја изневерил со дадилката Рајан Шохјуз.
Итан не го потврди неверството, но веднаш по официјалниот развод со Ума во 2005-та година почна јавно да се гледа со дадилката, а во 2008-ма година се ожени со неа.
Оваа афера имаше среќен крај, па Итан и Рајан се сè уште во брак.
Бритни Спирс
Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк беа еден од најпознатите славни парови на почетокот на 2000-тите години, а нивната врска неочекувано заврши во 2001-ва година.
Според шпекулациите Бритни имала афера со нејзиниот кореограф Вејд Робсон која траела за време на нејзините турнеи во периодот од 1999-та до 2001-ва година, а Џастин скандалот го опиша во видеоспотот за неговата песна Cry Me a River.
Мик Џегер
Мик Џегер низ годините изгради репутација на заводник и неверен маж. Денес тој има осум деца со пет различни жени.
Во 80-тите години тој беше во брак со Џери Хол, а наводно со дадилката Клер Хаусмен што ги следела на турнеите на Rolling Stones имал секс во кујната и на други места во куќите каде што престојувале додека неговата сопруга спиела во другата соба.
Џери му ги простувала неверствата на Мик се до 1992-та година, кога почнале да се појавуваат информации дека тој имал афера со Карла Бруни (првата сопруга на францускиот претседател Емануел Макрон).
Дејвид Бекам
Дејвид и Викторија Бекам важат за еден од најскладните познати парови, а во 2003-та година кружеа гласини дека парот ќе се разведе откако фудбалерот имал афера со неговата асистентка за односи со јавност Ребека Лус.
Парот бил уловен заедно на излегување во Мадрид, разменувале експлицитни телефонски пораки и имале бурна афера.
Наводно, Викторија ѝ се јавила на Ребека и ѝ се заканила да ја прекине аферата.
Овие информации никогаш не беа потврдени, но ако Дејвид имал афера со асистентката јасно е дека Викторија одлучила да му прости и да не дозволи скандали во нејзиниот брак.
Робин Вилијамс
Робин Вилијамс беше во брак со Валери Веларди, кога ја запознал и се вљубил во Марша Гарсез, која била дадилка на нивниот син.
По 19 години брак со Валери, Робин поднел документи за развод, а во 2018-та година неговата прва сопруга појасни дека врската со дадилката почнала дури откако нивниот развод бил завршен.
Робин и Марша стапија во брак во 1989-та година и заедно добија две ќерки. Сепак, во 2008-ма година Марша поднесе документи за развод заради непоправливи разлики меѓу брачните партнери, но беа во пријателски односи сè до неговата смрт во 2014-та година.
Б. С. Б. | Црнобело