Хајди Клум со телохранителот, Дејвид Бекам со асистентката – познати личности кои имале афери со вработените (фото)
- Детали
- сабота, 02 јули 2022
Викторија Бекам морала да ѝ се заканува на асистентката за да ја прекине аферата со Дејвид, Хајди Клум имала афера со телохранителот, а Бритни Спирс раскинала со Џастин Тимберлејк откако тој дознал за неверството со кореографот. Кои познати имаа афери со своите вработени?
Аферите на познатите личности со нивните вработени секогаш привлекувале внимание кај јавноста.
Постојат гласини дека и навидум складните двојки како Викторија и Дејвид Бекам се соочиле со афери и скандали, а други пак, заради своите вработени се разведоа од своите партнери.
Некои јавно им се извинија на своите сопруги, а други пак, негираа дека такво нешто воопшто се случило.
Во продолжение проследете кои славни личности беа фатени на дело додека имаа афери со своите вработени:
Арнолд Шварценегер
Аферата на Арнолд Шварценегер со куќната помошничка Милдред Баена ќе поминеше незабележано, ако вонбрачниот син што го добил со неа не беше негова копија.
Ѕвездата на Terminator долги години се обидувал да ја скрие аферата, сè до 2011-та година кога јавно призна дека со Милдред го добил синот Џозеф Баена.
По ова неговата сопруга Марија Шивер, која со години се сомневала дека синот на слугинката е на нејзиниот сопруг, веднаш поднесе документи за развод, а постапката траеше 10 години и парот официјално се раздели во декември минатата година.
Бил Клинтон
Аферата на Бил Клинтон со Моника Левински е една од најпознатите во светот. Заради врската со помладата асистентка Клинтон можеше да ја загуби претседателската функција, а имаше и долго судење, во кое Левински загуби.
Неговата сопруга Хилари одлучи да му го прости неверството, а тие сè уште се во брак и успеаја да го надминат скандалот.
Џад Лоу
Во 2005-та година Џад Лоу ги полнеше таблоидите заради аферата со дадилката Дејзи Рајт која се грижела за неговите деца што ги добил во бракот со Сејди Фрост.
Во тој период Џад кој е познат заводник во холивудските кругови, беше во врска со Сиена Милер, а по избувнувањето на скандалот тие двајца се разделија.
Наводно, синот на Џад, Раферти го фатил татко му на дело додека бил со дадилката и ѝ кажал на мајка му Сејди. По ова Џад упати јавно извинување до јавноста и до Сиена, но тоа не беше доволно за да останат во врска.
Хајди Клум
Не се секогаш мажите тие што изневеруваат. Поранешниот сопруг на Хајди Клум, Сил, ја обвини манекенката дека имала афера со нејзиниот телохранител Мaртин Кирстен.
Хајди јавно почна да се гледа со Мартин во 2012-та година, само неколку недели откако поднесе документи за развод со Сил, а тврдеше дека тој ѝ помогнал да се справи со тешкиот период во тоа веме.
Хајди и Мартин беа заедно до 2014-та година, кога раскинаа, но наводно останале во пријателски односи.