- Детали
-
недела, 12 јуни 2022
-->
„Во 2012-та година му беше забрането да го гледа синот, затоа што му давал опојни супстанци на само 6-годишна возраст. Поранешните девојки го обвинуваат за физичко злоставување – Каде е денес и што прави актерот што го играше детето во Terminator 2, Едвард Фурлонг?
Денес Едвард Фурлонг има 44 години, а го помниме како детето што на само 12 годии маестрално ја одигра улогата на Џон Конор vo Terminator 2 заедно со Арнолд Шварценегер.
-->
Неговата приказна е помалку бизарна, а од дете со светска слава, денес тој е поранешен актер што се бори со зависности, кој во последните 15 години не добил ниту една улога, а за него се врзуваат голем број скандали.
Обвинувања за семејно насилство и малтретирање, пропадната врска со 14 години повозрасната „учителка“, обиди за рехабилитација од опојни супстанци и повторно враќање на истите.
Тоа е животната приказна на Едвард Фурлонг кој се прослави со улогата во Terminator 2.
-->
-->
Погледнете што се случува со него во последните години:
Неговите проблеми почнуваат уште во домот. Никогаш не го запознал својот татко, мајка му не можела да се справи со него, за на крај тој да биде под старателство на роднини кои се грижеле за него во тинејџерските години.
-->
Едвард имал само 13 години во 1992-ра година кога ја стекна светската слава со улогата во филмот Terminator 2, а по завршувањето на филмот во судска постапка побарал да биде ослободен од стрателството на неговите роднини.
На возраст од 15 години Едвард бил во врска со Жаклин Домак, која во тоа време имала 29 години и му била тутор за време на снимањето на филмот. Таа станала негов менаџер, а Едвард имал неколку идни улоги што не биле ниту блиску до тоа да го постигнат успехот на филмот со Арнолд Шварценер.
-->
Во 1997-ма година имал успешна улога во филмот American History X каде го играл помладиот брат на Едвард Нортон, но тоа е последниот негов успех.
Едвард и Жаклин беа свршени, а потоа се разделија и во 1999-та година таа го тужеше затоа што не ѝ исплатил хонорари за периодот кога работела како негов менаџер. Дополнително, тврдеше дека физички ја малтретирал.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира: