Каде „исчезна“ најголем дел од богатството на Џони Деп?
- Детали
- сабота, 04 јуни 2022
Важеше за еден од највисокото платените актери во светот, а според информациите од неговиот поранешен бизнис менаџер Џони Деп успеал да потроши неверојатни 650 милиони долари во последните години. Како е можно да потрошите толку многу пари за кратко време?
За Џони Деп (58) се знае дека за улогата на Џек Спароу во „Pirates of Carribean“ заработил вкупно 300 милиони долари, а иако беше исфрлен од серијалот „Fantastic Beasts“ во 2020-тата година по обвинувањата од Амбер Херд, сепак само за една сцена заработи 16 милиони долари.
Во моментов тој тежи околу 150 милиони долари, сума што во никој случај не е за занемарување, но според проценките, тој во 13-те години додека беше на врвот на кариерата заработил околу 650 милиони долари, што целосно исчезнале.
Џони Деп своевремено ја обвини компанијата што му го менаџираше имотот дека му наштетила, односно неавторизирано земале 28 милиони од неговата сметка и позајмиле на трети лица 10 милиони долари, без да побараат дозвола за тоа.
Според актерот, компанијата не водела уредна сметка за неговите финансиски податоци и не го плаќала навремено данокот.
Каде исчезнаа 650-те милиони на Џони Деп?
Во спогодбениот развод со Амбер Херд, Џони ѝ исплати на актерката 7 милиони долари, што таа тврдеше дека ги донирала во добротворни цели. Потоа се докажа дека не го направила тоа.
Џони Деп во еден период трошел по 2 милиони месечно, а познато е дека купил и три острови на Бахамите. Џони плаќал по 300.000 месечно само за 40-те лица што постојано работеле за него, а околу 30.000 долари трошел на вино. Во 2018-та Џони рече:
„Ме навредувате кога ќе кажете дека трошам 30.000 на вино, затоа што трошам многу повеќе“