Мрсна коса, подочници – Ким Кардашијан „уловена“ наутро во двор, без грам шминка (фото)
- Детали
- петок, 20 мај 2022
Во новото ријалити шоу на нејзиното семејство, Ким Кардашијан покажа дека наутро, кога нема шминка, таа изгледа како и секоја обична жена – со подочници и несредена коса.
Кога и да се појави во јавност, Ким Кардашијан изгледа беспрекорно, а за тоа се заслужни шминката и целиот тим стилисти.
Дури и во ријалити шоуто на нејзиното семејство, Ким секојпат е нашминкана без разлика што повеќето сцени се снимаат во нејзиниот и домовите на Кардашијанс.
Одвреме-навреме папараците успеваат да ја „уловат“ без шминка, но новите фотки ја прикажуваат во сосема поразлично светло.
Во нова епизода од ријалити шоуто на семејството Кардашијан-Џенер, Ким Кардашијан покажува како изгледа наутро откако ќе стане. И, навистина изгледа како и секоја обична жена која само што се разбудила.
На фотографиите извадени од снимките на новата епизода, Ким носи голем бел пењоар, косата ѝ е собрана во неуредно опавче и на лицето нема воопшто шминка.
Иако Ким изгледа добро и во најприродно издание, сепак е поразлична од она на коешто сме навикнати.
Наводно, снимките се направени рано наутро, пред Ким и нејзиното семејство да се подготват за снимањето во претстојниот ден.
На други фотки од истиот ден се појавува и Канје Вест. Тогаш косата на Ким е пуштена и воопшто не изгледа бујно и раскошно како вообичаено.
Спирова С. | Црнобело