Има биполарно растројство, заради зависноста од дроги не смеел да го гледа синот - Факти за Жан Клод Ван Дам

За првпат во 1986-та година се појавил во филмот No Retreat, No Surrender, со што бил означен почетокот на неговата холивудска кариера.

ima-bipolarno-rastrojstvo-zaradi-zavisnosta-od-drogi-ne-smeel-da-go-gleda-sinot-fakti-za-zhan-klod-van-dam-27.jpg

Во екот на својата слава во 90-тите години на минатиот век актерот бил зависен од кокаин и таблети за спиење и бил уапсен бидејќи возел под дејство на опојни супстанци во 1999-та година.

ima-bipolarno-rastrojstvo-zaradi-zavisnosta-od-drogi-ne-smeel-da-go-gleda-sinot-fakti-za-zhan-klod-van-dam-25.jpg

Во истиот период на актерот му било дијагностицирано и биполарно растројство за кое постојано зема лекови.

ima-bipolarno-rastrojstvo-zaradi-zavisnosta-od-drogi-ne-smeel-da-go-gleda-sinot-fakti-za-zhan-klod-van-dam-26.jpg

Жан Клод Ван Дам се женел петпати за четири жени. Пред да се пресели во САД, во 1981-ва година, стапил во брак со Марија Родригез од Венецуела, со која се развеле во 1984-та година.

ima-bipolarno-rastrojstvo-zaradi-zavisnosta-od-drogi-ne-smeel-da-go-gleda-sinot-fakti-za-zhan-klod-van-dam-07.jpg

Во 1985-та година се оженил со Синтија Дердериан, со која се развел по само 3 месеци брак. Од 1987-ма до 1992-ра година бил во брак со бодибилдерката Гладис Португес со која има две деца (Бјанка Ван Варенберг и Кристофер Ван Варенберг).

ima-bipolarno-rastrojstvo-zaradi-zavisnosta-od-drogi-ne-smeel-da-go-gleda-sinot-fakti-za-zhan-klod-van-dam-17.jpg

Во периодот од 1994-та до 1997-ма година бил во брак со Дарси Лапјер, со која го добил синот Николас. Лапјер трипати поднесувала документи за развод, а кога Николас се родил во 1995-та наводно актерот ја обвил тогашната сопруга дека тој не е негов син.

ima-bipolarno-rastrojstvo-zaradi-zavisnosta-od-drogi-ne-smeel-da-go-gleda-sinot-fakti-za-zhan-klod-van-dam-08.jpg

По разводот во 1997-ма година Дарси излегла со тврдење дека ѝ е страв да биде во близина на нејзиниот сопруг затоа што трпела физичко и ментално малтретирање, но и заради неговата зависност од кокаин. По ова Жан Клод Ван Дам загубил право на пристап до неговиот син.

ima-bipolarno-rastrojstvo-zaradi-zavisnosta-od-drogi-ne-smeel-da-go-gleda-sinot-fakti-za-zhan-klod-van-dam-09.jpg

Во 2012-та година Жан Клод Ван Дам призна дека додека бил во брак со Дарси, ја изневерил со неговата колешка од филмот Street Fighter, Кајли Миног.

ima-bipolarno-rastrojstvo-zaradi-zavisnosta-od-drogi-ne-smeel-da-go-gleda-sinot-fakti-za-zhan-klod-van-dam-22.jpg

Загубата на правото да го гледа синот, наводно била главна причина за актерот да го промени сопствениот живот и да се откаже од дрогата. Во 1999-та година одлучил повторно да се ожени со втората сопруга и мајка на неговите две деца, Гладис Португес. Во 2015-та година почнаа да кружат гласини за нов развод, но тоа не се случи.

ima-bipolarno-rastrojstvo-zaradi-zavisnosta-od-drogi-ne-smeel-da-go-gleda-sinot-fakti-za-zhan-klod-van-dam-06.jpg

Најпознатата урбана легенда што кружи за него е дека имал приватна борба со рускиот претстедател Владимир Путин. Во интервју од 2017-та година актерот потврди дека борбата навистина се случила. Наводно, во моментот кога тој се наведнал да земе лабело од торбата, обезбедувањето на претстедателот рипнало врз него да проверат да не вади пиштол.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg