Комбинезон од чипка, бакнеж во уста со колега и јавање бик на сцена - Кој е скандалозниот претставник на Сан Марино на Евровизија?
- Детали
- петок, 13 мај 2022
Важи за еден од најскандалозните музичари во Италија, татко му е судија, а на 14 години неговите родители се преселиле и оставиле за него да се грижи неговиот повозрасен брат. Кој е Ахил Лауро, претставникот на Сан Марино, кој направи вистински спектакл на Евровизија 2022 и предизвика внимание со стајлингот и настапот?
Ахил Лауро кој беше претставник на Сан Марино во втората полуфинална вечер од Евровизија, настапи во црн комбинезон од чипка, на сцената јаваше механички бик и го бакна својот колега.
Неговиот настап во голема мера потсетуваше на нaстапот на минатогодинешните победници на Евровизија, Maneskin, а тој иако пораснал во Рим, годинава беше претставник на Сан Марино, третата по ред најмала држава во светот (по Ватикан и Монако), која се смета дека е најстарата република во светот.
Ахил на сцената ја отпеа песната Stripper, со која победи на првото издание Una Voce per San Marino, во конкуренција на 17 други композиции.
Пред настапот тој рече дека се чувствува среќен затоа што не ги гледа овие настани како натпревар, туку како предизвик.
Во продолжение неколку интересни факти за него:
Ахил Лауро е добро познат пејач пред италијанската публика, со оглед на тоа што досега повеќепати настапувал на фестивалот Sanremo и како натпреварувач и како гостин.
https://www.instagram.com/p/CZjsTVvtjM4/?utm_source=ig_web_copy_link
Италијанската публика остана во шок во февруари годинава кога тој на сцената направи симболично „само-крштевање“ на Sanremo.
Вистинското име на Ахил Лауро е Лауро Де Маринис, бил роден во Верона во 1990-та година, но пораснал во Рим.
https://www.instagram.com/p/Btl8ryAhfG0/?utm_source=ig_web_copy_link