Со Ванеса Паради го достигна врвот, а со Амбер Херд дното во кариерата – Љубовната врска на Џони Деп со мајката на неговите деца

Откако ја започна врската со Ванеса Паради, од актер што играше во нискобуџетни и уметнички филмови стана позната филмска ѕвезда, а нивниот живот вклучуваше раскош и луксуз – факти за љубовната врска на Џони Деп со мајката на неговите деца, Ванеса Паради.

so-vanesa-paradi-go-dostigna-vrvot-a-so-amber-herd-dnoto-vo-karierata-fakti-za-ljubovnata-vrska-na-djoni-dep-so-majkata-na-negovite-deca-01.jpg

Освен бизарните детали од врската со сопругата Амбер Херд во рамки на судењето за клевета излегоа и повеќе детали од врската на актерот со неговата поранешна долгогодишна партнерка Ванеса Паради.

so-vanesa-paradi-go-dostigna-vrvot-a-so-amber-herd-dnoto-vo-karierata-ljubovnata-vrska-na-djoni-dep-so-majkata-na-negovite-deca-02.jpg

Во 2016-та година кога Амбер Херд јавно го обвини Џони за семејно насилство, Ванеса беше меѓу првите што застана во одбрана на нејзиниот поранешен партнер, а сега одбраната на Херд сподели шокантни мејлови во кои се гледа како Џони Деп ја нарекувал „изнудувач“, и ја обвинувал дека ги пере мозоците на нивните деца.

Џони во рамки на сведочењето кажа дека Амбер Херд му велела дека неговите деца Лили Роуз Деп и Џон Кристофер „Џек“ Деп, не го сакаат и дека тој е лош татко.

so-vanesa-paradi-go-dostigna-vrvot-a-so-amber-herd-dnoto-vo-karierata-ljubovnata-vrska-na-djoni-dep-so-majkata-na-negovite-deca-20.jpg

На ова, одбраната на актерката во судницата сподели мејл преписка, во која се гледа како актерот од 2013-та година му се доверува на својот пријател Елтон Џон.

Џони говорел за закрепнувањето на неговата мајка, но и за тоа како неговите деца ја прифатиле Амбер Херд.

„Од друга страна, моите деца се вљубени до уши во Амбер (мојата девојка) и фала Богу веќе не чувствувам притисок. Не ми наликува дека Французинката што постојано изнудува пари од мене (поранешна п**ка) се обидува да им ги испере мозоците против Амбер... што, сметам дека е неизбежно“ – вели Џони во мејлот.

so-vanesa-paradi-go-dostigna-vrvot-a-so-amber-herd-dnoto-vo-karierata-ljubovnata-vrska-na-djoni-dep-so-majkata-na-negovite-deca-03.jpg

Во своето сведочење Џони појасни дека Елтон Џон му бил мошне добар пријател кој благодарение на тоа што 40 години бил целосно ослободен од пороците, сакал да му помогне и тој да го направи истото.

Џони Деп (58) и Ванеса Паради (49) беа во врска 14 години, но никогаш не застанаа пред олтар. Актерот своевремено тврдеше дека не верува во брак, а веднаш штом раскина со неа се ожени со Амбер.

На следната страна повеќе факти за врската меѓу Џони Деп и Ванеса Паради...



Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg