Огромен веренички прстен, две луксузни свадби, скандали и развод – Факти за бурната врска на Џони Деп и Амбер Херд

Тврдеше дека не верува во брак додека 14 години беше во врска со Ванеса Паради, а на Амбер Херд ѝ купи огромен прстен по година и пол врска, за што сега очигледно зажали... Како започна врската меѓу Џони Деп и Амбер Херд, која е проследена со шокантни скандали, бизарности и тужби?

ogromen-verenichki-prsten-dve-luksuzni-svadbi-skandali-i-razvod-fakti-za-burnata-vrska-na-djoni-dep-i-amber-herd-01.jpg

Деновиве актуелно е судењето на Џони Деп (58) и Амбер Херд (36) „тешко“ 50 милиони долари, со кое актерот како што рече сака да си го врати угледот, а од кое испливаа низа бизарни детали за нивната врска.

ogromen-verenichki-prsten-dve-luksuzni-svadbi-skandali-i-razvod-fakti-za-burnata-vrska-na-djoni-dep-i-amber-herd-02.jpg

Психолог тврди дека Амбер имала два типа на психолошки заболувања, Џони Деп ги откри нејзините ритуали, како секоја вечер таа му носела чаша вино и му ги соблекувала чизмите.

ogromen-verenichki-prsten-dve-luksuzni-svadbi-skandali-i-razvod-fakti-za-burnata-vrska-na-djoni-dep-i-amber-herd-03.jpg

Беа објавени видео-снимки на кои се гледаат неверствата на Амбер со Илон Маск и Џејмс Франко, а публиката имаше можност да го следи долгото сведочење на светски познатиот актер кој изнесе голем број детали за сопствениот живот.

Од проблемите во односот на неговите родители, до злоупотребата од страна на неговата мајка, но и за зависноста од опојни супстанции и алкохол.

ogromen-verenichki-prsten-dve-luksuzni-svadbi-skandali-i-razvod-fakti-za-burnata-vrska-na-djoni-dep-i-amber-herd-13.jpg

Со оглед на тоа што Џони и Амбер во последните неколку години се актуелни заради долгиот судски процес, се чини дека повеќето од нас воопшто и не се сеќаваат како започна и како течеше нивната врска.

Во продолжение низ фотографии да се потсетиме како започна нивната приказна:

Пред да се ожени со Амбер Херд, Џони бил во долги врски со Винона Рајдер и со Ванеса Паради. За потсетување, и двете актерки застанаа во негова одбрана по тврдењата за семејно насилство на Амбер Херд.

ogromen-verenichki-prsten-dve-luksuzni-svadbi-skandali-i-razvod-fakti-za-burnata-vrska-na-djoni-dep-i-amber-herd-26.jpg

Џони Деп и Амбер Херд се запознаа на снимањето на филмот The Rum Diary во 2009-та година. Во тој период таа беше во врска со фотографката Тасја Ван Ри, а тој 12 години беше во врска со пејачката Ванеса Паради со која има две деца.

ogromen-verenichki-prsten-dve-luksuzni-svadbi-skandali-i-razvod-fakti-za-burnata-vrska-na-djoni-dep-i-amber-herd-11.jpg

Во 2010-та година, една година пред да се раздели со неа, Џони даде интервју во кое откри зошто тој и Ванеса никогаш не стапиле во брак.

„Никогаш не ми требало тоа парче хартија. Бракот е од душа за душа, срце за срце. Не ви треба некој да ви каже: ‘Во ред, сега сте во брак’“.

ogromen-verenichki-prsten-dve-luksuzni-svadbi-skandali-i-razvod-fakti-za-burnata-vrska-na-djoni-dep-i-amber-herd-07.jpg

Првично и Џони и Амбер тврдеа дека врската ја започнале дури кон крајот на 2011-та година и почетокот на 2012-та откако и двајцата претходно раскинале со претходните партнери.

ogromen-verenichki-prsten-dve-luksuzni-svadbi-skandali-i-razvod-fakti-za-burnata-vrska-na-djoni-dep-i-amber-herd-08.jpg

Сепак, во рамки на најновото сведочење, Џони потврди дека ја изневерил Ванеса со Амбер уште во 2009-та година. За време на филмски бакнеж кај него се родила емоција, а потоа една вечер тие двајца најдискретно се сретнале во неговата приколка каде испиле неколку чаши вино, по што следеле повеќе страсни бакнежи.

ogromen-verenichki-prsten-dve-luksuzni-svadbi-skandali-i-razvod-fakti-za-burnata-vrska-na-djoni-dep-i-amber-herd-05.jpg

Од 2012-та година кога за првпат се појавија заедно, нивната врска постојано беше следена од медиумите и привлекуваше големо внимание и заради големата генерациска разлика меѓу нив. За потсетување, Џони е 23 години повозрасен од Амбер.

ogromen-verenichki-prsten-dve-luksuzni-svadbi-skandali-i-razvod-fakti-za-burnata-vrska-na-djoni-dep-i-amber-herd-09.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg