Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Таа ме тепаше, а потоа велеше дека ќе се самоубие ако си заминам“ - Видео од сведочењето на Џони Деп против Амбер Херд

„Кога татко ми нè напушти мајка ми се обиде да се самоубие, се плашев дека и Амбер ќе го направи истото“ – вели Џони Деп во рамки на своето сведочење во судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд.

video-od-svedochenjeto-na-djoni-dep-protiv-amber-herd-ne-go-zasluzhiv-ova-mi-veleshe-deka-kje-se-samoubie-ako-ja-ostavam-01.jpg

Продолжува судската сага помеѓу Џони Деп (58) и Амбер Херд (35). Актерот во обид да си ја спаси кариерата и да си го поправи угледот застана како сведок во судницата и изнесе повеќе детали од нивниот брак.

video-od-svedochenjeto-na-djoni-dep-protiv-amber-herd-ne-go-zasluzhiv-ova-mi-veleshe-deka-kje-se-samoubie-ako-ja-ostavam-02.jpg

Во изминатите денови беа изнесени повеќе видеоснимки на кои се гледа дека актерката го изневерувала додека биле во брак, сведоци тврдеа дека таа имала секс во тројка со други луѓе додека биле во брак, а сега актерот открива зошто и покрај сè останал заедно со неа и не ја напуштил.

Во рамки на судењето беше изнесена и аудио снимка во која актерката признава дека го удрила:

„Не, не те удрив, те плеснав, не ти е ништо, не си повреден. Баш си бебе, дај порасни и не се жали“ – му вели таа во снимката.

Актерот тврди дека тој бил жртва на насилство во бракот, а дека останал со Амбер затоа што стравувал дека таа ќе се обиде да се самоубие слично како што мајка му се обидела да си го одземе животот кога татко му ги напуштил.

„Кога татко ми се замина, мајка ми... се разбудив и го посведочив тој прв обид за самоубиство и таа слика ми е постојано пред очите – тоа беше директен резултат на тоа што татко ми си замина. Госпоѓицата Херд неколкупати говореше за самоубиство и постојано стравував за неа.

video-od-svedochenjeto-na-djoni-dep-protiv-amber-herd-ne-go-zasluzhiv-ova-mi-veleshe-deka-kje-se-samoubie-ako-ja-ostavam-04.jpg

Многупати кога се обидував да си заминам ме застануваше пред лифтот со помош на обезбедувањето и врескаше: ‘Не можам да живеам без тебе, ќе умрам’.

Кога ќе успеев да побегнам, по пет минути доаѓаше во мојот дом во ноќница и врескаше пред мојата куќа“ – вели тој.

video-od-svedochenjeto-na-djoni-dep-protiv-amber-herd-ne-go-zasluzhiv-ova-mi-veleshe-deka-kje-se-samoubie-ako-ja-ostavam-03.jpg

Тој ги посочи и другите причини заради кои се обидувал да го спаси бракот со неа:

„Сакав да направам сè за бракот да успее. Мислев дека можеби можам да ѝ помогнам. Мислев дека ќе ѝ помогнам. Затоа што тоа не беше истата Амбер Херд што ја запознав“ – вели тој.

Раскажува како во тие година и половина додека биле во брак Амбер станала сосема поинаква личност и дека постојано се расправале, а посебно внимание осврна на односот на неговата поранешна сопруга и неговите две деца од врската со Венеса Паради.

video-od-svedochenjeto-na-djoni-dep-protiv-amber-herd-ne-go-zasluzhiv-ova-mi-veleshe-deka-kje-se-samoubie-ako-ja-ostavam-07.jpg

Како што вели, неговата ќерка Лили Роуз Деп не сакала да дојде на свадбата што се одржа во 2015-та година на неговиот приватен остров на Бахамите заради тоа што тие две не биле во најдобри односи.

„Ќерка ми не дојде на свадбата. Таа и госпоѓицата Херд не бeа во добри односи, заради неколку причини“ – вели актерот.

video-od-svedochenjeto-na-djoni-dep-protiv-amber-herd-ne-go-zasluzhiv-ova-mi-veleshe-deka-kje-se-samoubie-ako-ja-ostavam-06.jpg

Тој откри дека на поканите за свадбата имало распоред за настаните на кои пишувало: „вечера, танцување и дрога“.

Деп призна дека негов избор била марихуаната, додека Херд и нејзините пријатели избирале екстази.

video-od-svedochenjeto-na-djoni-dep-protiv-amber-herd-ne-go-zasluzhiv-ova-mi-veleshe-deka-kje-se-samoubie-ako-ja-ostavam-05.jpg

Како што вели, со оглед на тоа што не направиле предбрачен договор, по стапувањето во брак се обидел да се договори со неа да направат постбрачен договор, но тука започнале сите кавги.

Актерот рече дека ја тужи Херд со цел да ја докаже вистината и сопствената невиност, и дека ова е првпат во последните неколку години да има можност да ја каже својата страна од приказната.

„Јас не го заслужив ова. Не го заслужуваат ниту моите деца. Сметам дека сум искрен човек и ме интересира само вистината“ – вели тој.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg