„Тајна“ посета на пластичен хирург, неприродно големи усни – дали и Кендал Џенер прави корекции како нејзините сестри?
- Детали
- среда, 20 април 2022
Многумина сметаа дека од кланот Кардашијан-Џенер, барем Кендал е природна, но сè повеќе фотографии докажуваат дека не само што ги исцртува усните за да ѝ бидат поголеми, туку најверојатно користи и филери како сестра ѝ Кајли и има направено уште неколку козметички процедури.
Кардашијанс веќе не ни пробуваат да скријат дека имаат направено разни корекции на лицето и телото, но до неодамна јавноста сметаше дека барем Кендал е природна.
Сепак, изгледа дека и таа им се придружила на нејзините сестри.
26-годишната девојка ги разгоре гласините дека користи филери откако пред неполн месец сподели видео и фотографии на Инстаграм Стори каде што нејзините усни се огромни.
Фотографиите брзо се прославија на Твитер, а корисниците ја искористија можноста да се пошегуваат на сметка на Кендал:
„Усните на Кендал Џенер експлодираа. Козметичарите во областа на Лос Анџелес останаа без филери“.
„Изгледа како лик од цртан филм“.
Бидејќи долго време сите Кардашијанс тврдеа дека немаат направено никакви корекции на лицето, туку станува збор за контурирање, некој се пошегувал и за тоа:
„Не, не се филери. Ова е контурирање. Кардашијанс се експерти за контурирање на усните, носот, очите, градите, задникот…“
Пред само неколку денови, пак, Кендал сподели селфи од музички фестивал каде што нејзините усни повторно изгледаат поголеми од вообичаено.
Набрзо потоа се појавија и папарацо фотки од Кендал, на кои повеќе од очигледно дека 26-годишниот модел ги исцртува усните така што ѝ изгледаат многу поголеми.
Кон крајот на минатата година Кендал повторно беше критикувана дека ги крие корекциите откако беше „уловена“ како излегува од ординација на пластичен хирург.
Тогаш Кендал имаше бела маска којашто ѝ го криеше целото лице и носеше темни очила. Не е познато што точно направила Кендал, но според изворите на The Sun, хирургот којшто го посетила прави третмани со ботокс и филери, лифтинг, како и пластични операции.
Сепак, за разлика од нејзините сестри кои веќе признаа дека правеле и уште прават корекции, Кендал упорно негира:
„Како модел, зошто би правела промени на моето лице? Нема смисла“.
Низ годините, лицето на Кендал се промени многу, но кога ќе се земе предвид нејзината возраст, тоа е сосема нормално.
Сепак, некои промени, како големината на усните, па дури и формата на носот, ја тераат јавноста да верува дека ни Кендал не е природна.
Спирова С. | Црнобело