Амбер Херд имала секс во тројка додека била во брак со Џони Деп, тој бил зависник од апчиња – Нови мрачни тајни на познатата двојка
Во рамки на судењето сведочеше и лекарот на Џони Деп, Дејвид Кипер кој потврди дека актерот актерот во еден период бил зависен од таблети, особено Xanax, што ги консумирал постојано. Лекарот вели дека Џони се сомневал дека ќе успее да ја надмине оваа зависност.
„Не веруваше дека ќе успее да се откаже“ – вели лекарот.
Одбраната на Џони Деп на судењето достави видео-снимки од приватниот лифт во нивната зграда, на кои се гледа дека актерката речиси гола ги пречекувала љубовниците во нивниот дом, по секоја кавга со сопругот.
Адвокатите на Амбер Херд пак, од друга страна, покрај тоа што го обвинија актерот за физичко и сексуално малтретирање, велат дека тој бил мошне љубоморен и опседнат со Илон Маск. Амбер имала кратка афера со основачот на „Тесла“ додека била во брак со Џони Деп.
На судењето сведочеше и Џош Дру, поранешен сопруг на Ракел Пенингтон која е најдобра пријателка на Херд. Тој вели дека Амбер Херд во 2016-та година непосредно пред разводот со Џони Деп имала секс во тројка со Илон Маск и Кара Делевињ на таванот од станот на нејзиниот тогашен сопруг.
Се очекува Кара Делевињ да сведочи на судењето, а Илон Маск во изјава ги негираше тврдењата и рече дека тој и Кара се пријатели и никогаш немале интимни односи. Им порача на Амбер Херд и на Џони Деп да ја „закопаат секирата“ и да продолжат понатаму со животот.
„Животот е премногу краток за таква продолжена негативност“ – вели Маск.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери)
Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“
„Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели...
По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“
Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со...
Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј...
По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...