Амбер Херд имала секс во тројка додека била во брак со Џони Деп, тој бил зависник од апчиња – Нови мрачни тајни на познатата двојка
- Детали
- вторник, 19 април 2022
По објавените видеа на кои се гледа дека Амбер Херд го изневерувала Џони Деп со Илон Маск, се огласи и основачот на „Тесла“ кој им порача на актерите дека е време да ги „закопаат секирите“. Денес се очекува да сведочи Џони Деп, а кои мрачни тајни од нивниот брак испливаа досега?
Се очекува судењето со кое актерот Џони Деп се обидува да си го поврати угледот, да добие драматична пресвртница откако актерот ќе сведочи против својата поранешна сопруга.
Освен огромната отштета што според некои таблоиди изнесува 50, а според други 100 милиони долари, актерот се надева дека со ова судење ќе успее да си ја врати филмската кариера што е во застој во последните неколку години откако тој јавно беше прогласен за насилник и „тепач на жени“.
Во моментов Џони нема што да загуби, доколку го добие судењето ќе успее да си ја врати кариерата, а доколку загуби, тоа нема да му нанесе поголема штета од онаа што веќе ја трпи.
За потсетување, по тврдењата дека Амбер Херд трпела физичко насилство додека била во брак со него, Деп е ставен на „црната листа“ во Холивуд и веднаш му беа откажани сите ангажмани.
Досега во рамки на судењето што започна во текот на минатата недела, беа изнесени повеќе детали од нивниот брачен живот, а се очекува дека со сведочењето на Џони Деп, ќе бидат изнесени уште пошокантни детали.
Во продолжение да проследиме неколку факти што досега беа изнесени на судењето:
На почетокот на судењето Амбер Херд го обвини актерот за сексуално насилство и тврдеше дека по една мрачна епизода, откако консумирал повеќе таблети екстази на забава со пријателот Мерлин Менсон, Џони Деп ја држел во заложничка ситуација и пенетрирал во неа со шише.
Прочитајте и „По забавите со Мерлин Менсон 3 дена бев заложник, ме силуваше со шише“ - Амбер Херд со нови тврдења против Џони Деп
Уште факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:





