Израснала во „хорор куќа“, Кендал Џенер ѝ го „земала“ бившиот - Факти за Никола Пелц, идната сопруга на Бруклин Бекам
- Детали
- четврток, 07 април 2022
Татко ѝ е меѓу најбогатите луѓе во САД, има трипати поголемо богатство од Бекамови, а важи за еден од најсуровите работодавачи. Љубовните писма на Никола, Бруклин ги овековечи во тетоважа на неговиот врат, а нејзиниот бивши дечко (братот на Џиџи и Бела) ја има изневерено со Кендал Џенер. Што знаеме за Никола Пелц и за нејзиното семејство?
Викендов синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин и богатата американска наследничка Никола Пелц ќе застанат пред олтар и ќе стапат во брак.
Нивната свадба е топ-тема во сите светски медиуми, а парот неодамно го даде своето последно заедничко интервју пред конечно да го кажат судбоносното „ДА“.
Тие во видео интервју за Vogue открија повеќе детали за свадбата која ќе чини околу 4 милиони долари, како и за тоа колку добро се познаваат меѓу себе.
Никола призна дека најмногу се плаши заради првиот танц, затоа што не знае да танцува, а според нив медениот месец од соништата би бил на југот на Франција.
Веќе се откриени повеќе детали за свадбата на Бруклин и Никола. Знаеме дека тие потпишаа предбрачен договор, свадбата ќе се одвива според еврејските обичаи, а старосватица ќе биде бабата на невестата.