Детали за свадбата на Бруклин Бекам: Старосватица ќе биде бабата на Никола, младоженецот ќе носи еврејско капче
- Детали
- вторник, 05 април 2022
Старосватица на свадбата ќе биде бабата на невестата Никола Пелц, парот потпиша предбрачен договор, Бруклин ќе носи еврејско капче, а на свадбата која ќе се одвива на имотот на таткото на невестата чие семејство е трипати побогато од Бекамови, се очекува да присуствуваат голем број познати гости. Нови детали за бајковитата свадба на синот на Бекамови.
Помина речиси цела година од свршувачката на Бруклин Бекам и Никола Пелц, а познатиот пар на 9-ти април во сабота треба да го каже судбоносното „ДА“.
Се очекува на церемонијата да присуствуваат голем број познати гости, а веќе се познати информациите и за тоа како ќе изгледа невестата, а што ќе носи младоженецот.
Неодамна Бруклин даде интервју за медиумите во кое кажа дека тој со себе постојано ги носи љубовните пораки од Никола што таа му ги пишува на мали етикети од облека:
„Те сакам со цело мое срце и ти ветувам дека низ сѐ ќе поминеме заедно“ – стои во една од пораките.
Најверојатно свадбата ќе се одржи на имотот на таткото на Никола во Палм Бич (Флорида) за кој се вели дека чини околу 103 милиони долари, а се протега на површина од 4.000 метри квадратни.
Според пишувањата во медиумите, Бруклин и Никола веќе потпишале предбрачен договор, а ако мислевте дека Викторија и Дејвид се богати со богатство од 380 милиони британски фунти, тоа не е ништо во споредба со семејното богатство на семејството Пелц кое изнесува 1,7 милијарди долари.
Иако претходно се шпекулираше дека Никола ќе носи венчаница дизајнирана од нејзината идна свекрва Викторија Бекам, таа откри дека фустанот е дизајниран од страна на Pierpaolo Piccioli од модната куќа Valentino.
Се знае дека Никола за време на свадбата најверојатно ќе носи две венчаници, а за Бруклин е познато дека ќе носи кипа (еврејска капа).