„Имам постпородилна депресија, му го сменивме името на синот“ – Кајли Џенер сподели интимни детали од бременоста во емотивно видео
Во видеото се гледа и собата на синчето, а има и снимки од неколку лекарски прегледи.
Низ 9-минутното видео, другите членови од семејството ѝ честитаат на Кајли, ја споделуваат нивната поддршка и не штедат на комплименти нарекувајќи ја Кајли најдобрата мајка на светот.
Кајли сподели и неколку фотки на Инстаграм, заедно со видео кое ги опфаќа најважните моменти од видеото на Јутјуб.
Но, во целата ситуација, дефинитивно најмногу внимание привлекува најновата изјава на Кајли.
Набрзо откако се породи, ријалити ѕвездата сподели дека нејзиниот син се вика Волф (волк). Но, сега откри дека се премислила.
„Само да ви кажам, името на нашиот син повеќе не е Волф. Навистина не ни одговараше за него. Само сакам да споделам бидејќи насекаде го гледам името Волф“.
Твитерџиите почнуваат и да се шегуваат на сметка на Кајли:
„Значи, Кајли Џенер го крсти синот Волф, му кажа на целиот свет, и сега детето повеќе не се вика Волф“.
„Кајли му го променила името бидејќи и некој друг си го крстил детето Волф. Не може да ме излаже мене“.
„Кајли го промени името бидејќи сите почнаа да се шегуваат“.
„Еден ден синот сигурно ќе ѝ се заблагодари“.
Кајли и Тревис неколкупати раскинуваа и се смируваа, а ги соопштија вестите за втората бременост додека јавноста мислеше дека се разделени.
Тие немаат откриено никакви детали за нивниот сегашен однос, а покрај новиот син, заедно ја имаат и 4-годишната ќерка Сторми.
Спирова С. | Црнобело