Живеат во луксуз, но не се безгрижни: Колку плаќаат ѕвездите за обезбедување?
Дејвид и Викторија Бекам
Дејвид и Викторија и двајцата се познати благодарение на сопствените кариери, па тие мора да сметаат и на обезбедувањето на нивните 4 деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.
Семејството троши околу 1 милион долари годишно на обезбедување, а нивните деца најчесто се придружувани од телохранителот Боби Рич кој со нив е долги години.
Ким Кардашијан
Еден од најпознатите грабежи се случи во 2016-та година кога Ким Кардашијан и нејзините деца добија закани со пиштол во нивниот дом во Париз.
Токму затоа Ким воопшто не штеди кога станува збор за безбедноста, па така троши над 10.000 долари дневно, или околу 3.5 милиони долари годишно за обезбедување. Секако, кога гостува на модни шоуа плаќа дополнително обезбедување.
Анџелина Џоли
Анџелина Џоли е мошне позната актерка, но многу внимава и на безбедноста на своите шест деца. Поранешниот телохранител Марк Били Билингам изјави дека годишно добивал по 2 милиони долари за да работи како обезбедување, додека таа сè уште беше во брак со Бред Пит.
Лејди Гага
Една од познатите личности што доживеа непријатност и напад е и пејачката и актерка Лејди Гага, кога нејзиното куче беше киднапирано, а момчето што го шеташе кучето заврши со повреди.
По ова Гага, прави сè за нејзиниот дом целосно да биде обезбеден, а годишно плаќа околу 2.1 милиони долари за услугите.
Џеј Зи и Бијонсе
Славната музичка двојка воопшто не сака да импровизира кога станува збор за нивната безбедност. Со оглед на тоа што двајцата заедно имаат богатство од над милијарда долари, нормално е тие да се мошне внимателни за сопствената безбедност, но и за безбедноста на нивните деца.
Парот се вози во блиндирани возила и имаат 24-часовно обезбедување за кое плаќаат околу 4 милиони долари.
Б. С. Б. | Црнобело