Дневно јаде 6 оброци и пие 11 литри вода – Како се храни Двејн Џонсон за да остане во форма?

Познат е по тоа што секоја недела има еден ден кога „мами“ со храната и тогаш се опушта со палачинки, пица и бургери. Вообичаено има мошне строга диета што се состои од 6 до 7 оброци дневно. Што јаде Двејн Џонсон секој ден за да остане во топ форма?

po-kolku-harana-mu-treba-na-dvejn-djonson-za-da-ostane-vo-top-forma-01.jpg

Двејн Џонсон или The Rock кариерата ја започна како професионален борач, односно кечер, а првата посериозна филмска улога ја доби во второто продолжение на Mummy, каде ја толкуваше улогата на кралот на Скорпиите.

Тој денес е актер кој е препознатлив во крупната градба и мускулестото тело, а на социјалните мрежи редовно споделува видеа од неговите вежби и начинот на исхрана.

View this post on Instagram

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)

Двејн Џонсон е висок 1.96 m, а тежи 118 килограми.

Како изгледа неговиот начин на исхрана и колку храна му е потребно за да остане во топ форма?

Списанието Muscle and Fitnes пишува дека актерот со години јадел околу 1,5 kg дневно бакалар за да ги изгради мускулите.

Дневно имал по шест до седум оброци со бакалар и големи порции од најразлични додатоци богати со скроб, како благ компир (350 грама), бел ориз (400 грама) и овес (400 грама).

Со секој оброк земал околу 200 грама зеленчук и разни додатоци, како протеински напиток, омлет од 10 јајца или лажица со рибино масло богато со Омега-3 масни киселини.

Во 2016-та година, месото од бакалар го замени со телешко, пилешко и месо од бизон, а во неодамнешно интервју за Delish, актерот потврди дека неодамна бакаларот во целост го заменил со лосос, а дека со години наназад внесувал помеѓу 6.000 до 8.000 калории дневно.

Тој појаснува дека сè уште има по 6 до 7 оброци дневно и дека во основа се придржува до храната што отсекогаш ја консумирал.

Секое утро денот го започнува со порција каша од овес или од ориз, заедно со месо од бафало и јајца.

Вториот појадок го зема по вежбање и тој најчесто се состои од порција ориз и пилешко.

Третиот оброк или ручекот повторно се состои од порција ориз, заедно со пилешко месо или со месо од бафало и секако зеленчук.

Во текот на денот, The Rock има уште два до три идентични оброци, а пред да оди на спиење зема протеински пијалак, јаглехидрати и зеленчук.

Освен што консумира големи количества храна, потребни му се и големи количества вода.

Па така Men’s Health пишува дека тој дневно пие околу 9,5 до 11 литри вода. Актерот не пие кафе, но затоа редовно го консумира неговиот енергетски пијалак Zoa.

Двејн Џонсон е познат и по тоа што еднаш неделно си дозволува да има денови кога може да „мами“ со храната. Пржени компирчиња, чизбургери, чаша текила, палачинки, пица, сладолед …

Двејн редовно споделува фотографии од неговите омилени оброци во деновите кога не се придржува до ригорозната диета.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
„Засрами се“ - Мадона (66) стана мета на критики затоа што јадеше супа топлес Разголени фотографии на Мадона предизвика лавина од реакции.... „Однесувај се во...
Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg