Машин Ган Кели на црвен тепих со ќерката што ја добил кога имал 18 години: „Јас сум горд татко“
- Детали
- вторник, 23 ноември 2021
Мајката на 13-годишната ќерка на Машин Ган Кели, била неговата прва љубов, со која сѐ уште е во пријателски односи. Ема воопшто не се појавува во јавноста, но затоа раперот често објавува постови на социјалните мрежи со ќерката во кои нагласува дека е „горд татко“.
Машин Ган Кели на црвениот тепих на доделувањето на AMA наградите се појави со неговата 13-годишна ќерка Каси Бејкер, која ја добил кога имал само 18 години во врската со Ема Колтон.
Колсон Бејкер, попознат како Машин Ган Кели (30) во изминатиот период на црвениот тепих редовно се појавуваше со неговата девојка Меган Фокс (34), но овојпат одлучи да направи исклучок и да се појави со ќерката што ретко се појавува во јавноста.
Која е мајката на Кaси и што знаеме за нејзиниот однос со познатиот музичар?
За мајката на 13-годишната ќерка на Машин Ган Кели нема премногу информации, затоа што Ема Колтон сака својот приватен живот да го чува подалеку од очите на јавноста, па дури нема свои профили на социјалните мрежи.
Според оние малку информации што се познати за нивната врска, се знае дека Машин Ган Кели и Ема Колтон се запознале на концерт на Blink 182 (бендот во кој неговиот добар пријател Тревис Баркер е тапанар) кога биле тинејџери.
Се вели дека Ема била првата љубов на раперот, а ќерката Каси ја добиле во 2008-мата година, кога тој имал само 18 години.
Иако, раперот има мошне јавна врска со Меган Фокс, тој и Ема се во добри односи. Тој во една прилика за Денот на мајките јавно ѝ го честита празникот на поранешната девојка и рече дека таа е „најдобрата мајка што некогаш ја видел“.
Прочитајте и Станал татко на 18 години, како тинејџер имал постери од Меган Фокс - Факти за Машин Ган Кели
Нема заеднички фотографии од Машин Ган Кели и Ема, но затоа тој редовно објавува фотографии од него и неговата „принцеза“ на социјалните мрежи.
Во 2017-та година раперот ја објави песната насловена At my Best што кажа дека е посветена на Каси.
Во најава е заеднички проект на Машин Ган Кели и ќерка му. Тие заедно треба да се појават во филмот насловен One way. Раперот на Твитер објави дека неговата ќерка ќе се појави заедно со него во филмот и рече дека е мошне горд татко.
https://twitter.com/machinegunkelly/status/1358952702584233990