Адел, Лејди Гага и уште 9 познати музичари кои прекинале концерт за да им помогнат на фановите во публиката
Foo Fighters
Фронтменот на бендот, Дејв Грол, ја прекинал песната на концерт во 2011 година, откако забележал дека маж во публиката почнува тепачки, па му се обратил:
„Погледни ме! Излегувај од мојот концерт веднаш! Не доаѓаш на мој концерт за тепачки. Доаѓаш за да танцуваш. Сите вие дојдовте да се забавувате, тој маж може да го напушти концертот“
Rage Against the Machine
Во 1997 година, членовите на бендот забележале дека некој маж ѝ ја искинал блузата на девојка во публиката. Тогаш пејачот прекинал со пеење и изјавил.
„Некои луѓе мислат дека само затоа што се на концерт, само затоа што има и жени кои танцуваат и се забавуваат, имаат право да им ги искинат блузите.
Жените се присилени да се плашат кога се на училиште и во нивните заедници, но не треба да дојдат на наш концерт и тука да се плашат од истите работи. Не може да го правите тоа!“
Били Ајлиш
Во 2018 година во Шведска, Били Ајлиш слушнала од фановите дека на девојка публиката ѝ треба вода бидејќи изгубила свест.
Били веднаш го зела нејзиното шише, им го дала и ги прашала што друго може да направи.
Наводно, на девојката ѝ било добро, по што Били им рекла на фановите: „Дали сте сите добро? Се грижам за сите вас. Мора да бидете добри“.
Green Day
Фронтменот на бендот, Били Џо Армстронг, забележал дека некои луѓе во публиката се однесувале агресивно, па ја прекинал песната за да ги опомени:
„Тоа не е учтиво. Овие момци и девојки се овде за да се забавуваат. Нема потреба да ја покажувате вашата сила тука, во ред? Никој не треба да биде повреден“.
Лејди Гага
Пејачката прекинала концерт во Конектикат откако забележала девојка во публиката со крв на лицето. Веднаш повикала брза помош, па ја прашала девојката како се вика.
„Мередит, жал ми е што те удриле и што крвавиш. Ќе се погрижиме за тебе и ќе бидеш во ред“, ѝ рекла Гага на девојката.
Linkin Park
На концерт во Лондон во 2001 година, членовите од бендот виделе како еден фан паѓа на земјата, по што пејачот Честер Бенингтон извикал да го кренат.
Потоа прозборел и другиот вокалист, Мајк Шинода: „Најпрво мора да се грижиме за безбедноста. Никој не треба да биде повреден. Тоа е прво правило“.
Откако го кренале момчето, Честер Бенингтон ја прашал публиката: „Кога некој ќе падне, што треба да направите?“
Од публиката едногласно одговориле: „Да го кренеме!“
Спирова С. | Црнобело