Без градник, со истакнати вени на рацете: Анџелина Џоли шета во Лондон со синот убавец како Бред Пит
- Детали
- сабота, 30 октомври 2021
46-годишната Aнџелина Џоли прошета во Лондон со доза провокативност и во кежуал издание, заедно со прекрасниот 13-годишен син Нокс крај себе.
Анџелина Џоли (46) прошета низ Лондон со своите деца за да ја посети продавницата на Дејвид Боуви.
Таа се појави во едноставно кежуал издание, без градник.
Се почести и со топол пијалак за да се загрее на студениот ден, а папарацо фотографите одблиску ги сликаа нејзините дланки.
Со неа, покрај ќерките Захара (16) и Шајло (15), беше и 13-годишниот син Нокс, кој е вистински мал убавец и го има земено најдоброто од својот татко Бред Пит, но и од Џоли.
Повеќе фотографии од Џоли во Лондон:
С. С. | Црнобело