Måneskin со скандалозни аутфити на настап во Њујорк, по гостувањето кај Џими Фалон (фото)
- Детали
- петок, 29 октомври 2021
Вокалистот Дамиано Давид издоминира на сцената во свој препознатлив стил, но овојпат басистката на италијанскиот бенд беше во поскандалозно 18+ издание од него.
Италијанскиот бенд Måneskin доживеа светска слава по победата на Евровизија. Тие не сопираат со настапи и гостувања, а неодамна беа и во шоуто на легендарниот Џими Фалон.
По гостувањето таму, имаа настап во Њујорк каде, како и секогаш, во свој стил се појавија со скандалозни аутфити.
Фронтменот Дамиано Давид во еден миг над розовите светкави ѕвонарки имаше гаќички, а пак убавата басистка на бендот, Викторија де Ангелис, имаше само леплива лента на голите гради.
Инаку, гаќичките на Дамиано се како најава за претстојниот концерт на The Rolling Stones во Лас Вегас, кој ќе го отворат токму Måneskin.
Фотки од настапот во Њујорк (за најексплицитната фотка од басистката вртете на стрелката десно на Инстаграм објавата долу):
Видео од гостувањето кај Џими Фалон:
https://www.youtube.com/watch?v=RnPnRRzly-k
С. С. | Црнобело