Скот не успеа да ја круниса љубовта со Кортни 9 години, Тревис ја побара за 1 година – нови фотки и критики за парот
Според изворите, Скот почнал да се чувствува како „отпадник“ поради Тревис и почнал да ги избегнува семејните настани само за да не мора да го гледа новото момче на Кортни.
„Ги избегнува семејните собири на коишто присуствува Тревис и не сака да биде во иста соба со него. Кардашијанс го сакаат Скот и постојано му кажуваат дека тој е дел од семејството, но тој се чувствува отфрлено и како отпадник“.
Изворите тврдат дека кога-тогаш ќе почне битка помеѓу Кортни и Скот за нивните деца.
На јавноста ѝ стана јасно дека Скот не е најсреќен за врската на Кортни и Тревис откако му напишал порака на бившиот на Кортни, Јунес Бенџима.
Имено, Кортни и Тревис станаа познати по разменувањето нежности во јавност, па Скот му испратил фотка на Јунес од нив двајца, прашувајќи го:
„Дали е во ред? Што е ова? Среде Италија“.
Јунес само му одговорил:
„Не ми е важно сè додека е среќна“.
Како што напоменавме, Скот извесен период „исчезна“ од социјалните мрежи, но можеби сега подобро се справува со целата ситуација, па сподели Инстаграм Стори со синчето Рејн, со описи:
„Пауза по училиште со Рејн“.
Кортни, пак, нема никаков коментар за однесувањето на Скот.
Спирова С. | Црнобело