Мајката на Бијонсе на 67 години зрачи со сексапил на црвениот тепих со сопругот и Џеј Зи
- Детали
- четврток, 14 октомври 2021
Вистина е фразата „Каква мајка, така ќерка“ - прекрасната Тина Ноулс и нејзината ќерка Бијонсе се доказ за тоа.
Џеј Зи има 51 година и легендарна хип-хоп кариера, потоа мултимилионски бизниси и неверојатни успеси, но на прво место секогаш му е семејството.
Во брак е со една од најпознатите жени на светот, а дека ја цени и почитува Бијонсе покажува и фактот што неодамна се појави на филмска премиера токму со нејзината мајка Тина Ноулс.
Станува збор за премиера во Лос Анџелес на филмот „The Harder They Fall“, кој тој го има продуцирано.
На настанот мама Тина блесна во светкав комбинезон и покажа дека и на 67 години изгледа секси и заводливо. Погодок направи и со изборот на шминка и фризура.
Со неа освен Џеј Зи, беше и нејзиниот 74-годишен сопруг.
Повеќе од јасно е дека гените се чудо и дека важи изреката каква мајка, таква ќерка.