Емили Ратајковски: „Не сфаќав дека моето тело им припаѓа на мажите што ме направија славна“
Според мајка ѝ Кати, да – таа требало да се гордее поради таквите коментари, а токму ова ги остави сите во неверување.
Кати поставила фотографии од фотосесијата во училиштето на Емили, на работната маса во кујната што гледала директно кон влезната врата, за секој што ќе влезе да ја види девојката во оскудно издание.
Како што вели, на почетокот сметала дека тоа што е „секс-симбол“ ѝ давало сила и моќ: стекнала богатство, слава, можност да започне сопствен бизнис.
Но, откако видела како фотографите почнале многу да профитираат од нејзините фотографии, папараците почнале да тврдат дека имаат нејзини фотографии, по средбите со мажи како Робин Тик, Емили се соочила со грозната вистина дека нејзиното тело повеќе не е нејзино, дека може да биде искористено.
„Не ни помислував дека жените што ја стекнале моќта на тој начин се 'задолжени' кај мажите чијашто сексуална желба им ја дала таа моќ. Тие мажи ја имаат цела контрола, а не жените за кои светот воздивнува“ – пишува таа.
Како што вели, со текот на времето морала да се соочи со суровата вистина дека била во заблуда за работите што сметала дека се важни и дека ја прават посебна и да изгради подобар однос со сопственото тело.
Откако се иселила од домот на нејзините родители и станала успешен модел таа успеала да ја убеди мајка ѝ да ја тргне фотографијата од кујната. Одговорот на мајка ѝ бил едноставен:
„Тоа не си ти повеќе. Сега си поубава!“
Погледнете повеќе фотографии од Емили Ратајковски во продолжение:
Прочитајте и Не знае да го држи бебето, пие вино додека дои – секој пат кога мајчинството на Ратајковски беше мета на критики
Б. С. Б. | Црнобело