Метју Пери во непрепознатливо издание + детали за борбата со алкохолизмот: „Тешко се решава 30-годишен проблем“

Метју Пери е еден од актерите што во изминатите години мошне отворено говореше за своите проблеми со зависностите, за долгата борба и патот до трезен живот.

metju-peri-neprepoznatliv-otkako-go-nadmina-alkoholizmot-za-28-dena-ne-mozhesh-da-reshish-30-godishen-problem-01.jpg

По настапот на Friends Reunion каде имаше проблеми со говорот и објавата дека ја раскинува свршувачката со 29 годишната девојка Моли Хорвиц, актерот Метју Пери беше забележан низ улиците на Лос Анџелес, во непрепознатливо издание.

metju-peri-za-borbata-so-zavisnostite-za-28-dena-ne-mozhesh-da-go-03.jpg

metju-peri-za-borbata-so-zavisnostite-za-28-dena-ne-mozhesh-da-go-04.jpg

Во опуштено издание, со сива маица, бели шорцеви и израсната брада, актерот изгледаше опуштено, а воедно ова беше првпат да биде забележан во јавност по снимањето на Friends Reunion и откако објави дека ја раскинува свршувачката со Моли Хорвиц.

metju-peri-za-borbata-so-zavisnostite-za-28-dena-ne-mozhesh-da-go-11.jpg

Во разговор за медиумите тој рече:

„Понекогаш работите не функцираат и во овој случај беше така. На Моли ѝ посакувам се најдобро“.

Тие беа заедно од 2018-тата година, а се верија во ноември 2020-тата година.

metju-peri-za-borbata-so-zavisnostite-za-28-dena-ne-mozhesh-da-go-14.jpg

За време на  обединувањето на Friends, забележително беше дека Метју има проблем со говорот, дека го завлекува текстот и не говори јасно, поради што многумина побрзаа да донесат заклучок дека актерот повторно им се враќа на старите пороци.

Сепак, следниот ден стигна објаснување дека актерот имал итна процедура на забот, поради што му бил отежнат говорот.

metju-peri-za-borbata-so-zavisnostite-za-28-dena-ne-mozhesh-da-go-09.jpg

Метју Пери во минатото отворено говореше за борбата со зависностите од алкохол и таблети.

Тој претходно призна дека поради зависноста од алкохолот не помни цели три години од снимањето на Friends, односно периодот од 3-тата до 6-тата сезона во целост му е избришан.

metju-peri-za-borbata-so-zavisnostite-za-28-dena-ne-mozhesh-da-go-10.jpg

Прочитајте и „Не помнам три сезони од Friends“ – Метју Пери (51) го надмина алкохолизмот и ќе се венча со 29-годишната девојка

За долгогодишната борба на Метју со зависноствите прочитајте повеќе на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg