Кетрин Зита-Џонс (51) мами воздишки покрај сопругот Мајкл Даглас (76) – што носеа ѕвездите на Еми наградите? (фото)

Кетрин Зита-Џонс доминираше на црвениот тепих со гламурозен црвен фустан, а Ана Тејлор Џон изгледаше беспрекорно со елегантната комбинација во жолта боја – што носеа познатите на овогодишното доделување на Еми наградите?

ketrin-zita-djons-51-mami-vozdishki-so-crven-fustan-so-visok-shlic-shto-nosea-dzvezdite-na-emi-nagradite-foto-01.jpg

По минатогодишното виртуелното доделување, 73-тото издание на Еми наградите се одржа во живо, па годинава имавме можност да уживаме во креациите од црвениот тепих.

Доделувањето се одржуваше во Лос Анџелес, а поради пандемијата бројот на присутни бил ограничен на „само“ околу 500. Истовремено, сите присутни морале да покажат потврда за вакцинација или негативен тест.

За разлика од Мет галата којашто се одржа неодамна, на Еми наградите познатите личности се појавија со поедноставни и поелегантни комбинации.

Можеби најголеми ѕвезди на настанот беа Кетрин Зита-Џонс и Ана Тејлор Џој, најпозната по улогата во The Queen’s Gambit.

51-годишната Кетрин се појави на доделувањето со сопругот Мајкл Даглас и на црвениот тепих го донесе холивудскиот гламур.

Актерката изгледаше беспрекорно со долг, темноцрвен фустан со висок шлиц, во комбинација со дијамантски накит.

ketrin-zeta-dzhons-51-mami-vozdishki-so-crven-fustan-so-visok-shlic-shto-nosea-poznatite-na-dodeluvanjeto-na-emi-nagradite-foto-03.JPG

25-годишната Ана се појави во долг сатенски фустан со долга жолта наметка, а комбинацијата ја дополнила со дијамантски обетки.

ketrin-zeta-dzhons-51-mami-vozdishki-so-crven-fustan-so-visok-shlic-shto-nosea-poznatite-na-dodeluvanjeto-na-emi-nagradite-foto-02.JPG

На црвениот тепих имавме можност да ја видиме и елегантна Кејт Винслет со долг, црн фустан, а многу внимание привлече и Елизабет Олсен со долгиот бел фустан со широки ракави.

Генерално, скоро сите ѕвезди изгледаа одлично, со доза гламур и елеганција во нивните комбинации.

Во продолжение дел од ѕвездите што се појавија на црвениот тепих на Еми наградите:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg