Џеј Ло како каубојка се бакнува со Бен преку маска – Моќни парови кои издоминираа на Мет Гала 2021 (фото)
- Детали
- вторник, 14 септември 2021
Ријана и новиот дечко се појавија како замотани во јоргани, Џеј Ло и Бен се како локални шерифи во град на модата, а Џастин Бибер во ѕвонарки покрај прекрасната Хејли – парови кои доминираа на црвениот тепих на Мет Гала 2021.
Минатата година Мет галата беше откажана заради пандемијата, но оваа година листата на гости беше преполна со славни личности кои го оставија својот моден печат на црвениот тепих, под темата „Во Америка: Лексикон за мода“.
Некои ѕвезди за првпат прошетаа на црвен тепих со новите партнери, а други, беа придружени од своите долгогодишни животни сопатници.
Бакнежи преку маски, ексцентрични и модно усогласени комбинации, заљубени погледи – како славните парови издоминираа на црвениот тепих на Мет Гала 2021?