„Се криела под телата на мртви луѓе со цел да преживее“ – потресната приказна за фамилијата на Мила Јововиќ
- Детали
- вторник, 14 септември 2021
Познатата холивудска глумица Мила Јововиќ (45) е горда на своите корени, а неодамна во јавноста ја сподели потресната приказна од своето детство кое ја опфаќа нејзината семејна историја.
Мила Јововиќ е родена во Украина во 1975 година. Нејзината мајка е руската актерка Галина Огинова Јововиќ, а нејзиниот татко бил српскиот лекар Богдан Јововиќ, чие семејство потекнува од Црна Гора.
https://www.instagram.com/p/BxxncEMAmNx/
Мила објави фотографија од нејзината баба Татјана Ивановна, која преживеала вистински пекол за време на Втората светска војна.
Нејзината баба секој ден ѝ гледала на смртта во очи, а додека водела вистинска борба за опстанок била сведок на грозоморни, страшни сцени.
https://www.instagram.com/p/BxQPraNAcRE/?utm_source=ig_embed&ig_rid=28b76838-6353-4162-b25c-3052a7beda3b
„Мојата баба Татјана Ивановна ѝ се приклучила на армијата на 16-годишна возраст како медицинска сестра и пристигнала во Берлин. Таа спасувала животи, а одвај го спасила и сопствениот.
Цело време се криела под мртви тела за да преживее. Оваа девојка имала толку многу тежок живот и секој ден ѝ гледала на смртта во очи.
Потоа се вратила и го започнала животот од почеток, воспитувајќи две деца како самохрана мајка. Секогаш ќе се сеќавам колку беше прекрасна.
Среќна сум што бев со неа неколку месеци пред да почине, да ја прошетам додека беше во инвалидска количка и да ѝ зборувам за животот.
Тие моменти се повеќе од посебни. Те сакам, бабо, многу ни недостигаш!“
Она што многумина го забележаа е дека Мила неодоливо потсетува на својата баба. Најстарата ќерка пак на Мила е нејзината мини копија.
https://www.instagram.com/p/B5OUVnlHSMx/
Актерката во петтата деценија изгледа прекрасно. Таа е мајка на 3 деца и е во брак со Пол Вилијам Андерсон, британски режисер, продуцент и сценарист. Заедно се од 2009 година.
https://www.instagram.com/p/B1efCqan1fZ/
https://www.instagram.com/p/B_bLP-anWNO/
https://www.instagram.com/p/B6w6c0RHpvr/
(O)Милена | Црнобело