Годините не им можат ништо – славни дами кои изгледаат одлично во бикини и по 50-тата година од животот (фото)
- Детали
- четврток, 09 септември 2021
Деми Мур, Хали Бери, Шерон Стоун - некои славни дами денес изгледаат подобро од кога било, без разлика што веќе се во 50-тите, па дури и 60-тите години од нивниот живот.
Знаеме дека познатите дами можат да си дозволат лични тренери, нутриционисти и што уште не, но сепак е за восхит кога се во топ-форма и по 50-тата година од животот.
Ова значи дека и во шестата деценија од нивните животи, тие се грижат за нивниот изглед, работат на себе и не дозволуваат годините да имаат влијание врз нив.
Кои дами изгледаат одлично во бикини и по 50-тата година од животот?
Деми Мур (58)
Актерката ги минува последните летни денови на јахта и често споделува фотки со кои покажува дека годините дефинитивно не ѝ можат ништо.
Ванеса Вилијамс (58)
Актерката најпозната по улогата во „Очајни домаќинки“ има 58 години и изгледа беспрекорно во бикини.
Хали Бери (55)
Хали Бери е синоним за жена во топ-форма и изгледа одлично и во 54-тата година од животот.
Салма Хајек (55)
Салма е уште една актерка која со годините станува сè поубава и поубава. Актерката изгледа одлично во бикини, а храбро ги покажува и белите влакна на главата.
Кетрин Зета Џонс (51)
Со 51 година, Кетрин изгледа предобро. Всушност, некогаш изгледа како актерката и да се подмладува.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114662_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109395_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107784_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111793_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108262_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_115191_400.jpg)