Детето од Киндер порасна, сега е 30-годишен убавец и објавува голи фотки од себе во забавен контекст

Момчето од обвивката на Киндер чоколадите денес редовно објавува жешки и разголени фотки на Инстаграм. Речиси сите го знаеме неговиот лик од омотот на чоколадата од детството, а денес тој е вистински заводник.

alesandro-eger-spodeluva-zheshki-fotografii-na-instagram-shto-znaeme-za-momcheto-od-kinder-chokoladata-01.jpg

Алесандро Егер (30) деновиве го привлече вниманието откако во Венеција се прошета со единствената маркиза во Велика Британија со африканско потекло, Ема Вејмут, но заклучокот е дека тие се само пријатели што ја искористиле пригодата за да се појават заедно.

 alesandro-eger-spodeluva-zheshki-fotografii-na-instagram-shto-znaeme-za-momcheto-od-02.jpg

Алесандро е верен со италијанската моделка, Маделина Доротфеи, а Ема е во среќен брак со маркизот Kевлин Тин.

Алесандро Егер е роден во Белград во 1991 година. Мајка му е Србинка, а татко му е Италијанец. Детството го поминал во Србија, односно во Белград, каде за него се грижела неговата баба.

Мајка му поради работата во главно била во Италија, а додека престојувал во Србија научил да говори и српски. На возраст од 6 години, Алесандро се преселил во Италија, во Комо.

Неговата мајка е Кристина Егер Бертоти, во елитниот свет позната и како „Големата дама на кралската куќа Савој“, била мошне позната во светот на модата. Кариерата ја почнала како асистент во првите редови на модните писти на Џани Версаче, а денес таа е агент за млади и талентирани модни дизајнери. 

Алесандро во минатото не верувал дека ќе има успешна кариера во модната индустрија, затоа што до возраст од 12 години тежел над 96 kg, а многумина го викале „дебел“. Сè се променило кога одлучил да го промени начинот на исхрана и начинот на живот, па така на возраст од само 13 години почнал да снима рекламни спотови.

Тој освен како модел работел и како актер, а на социјалните мрежи често објавува фотографии на кои е целосно гол.

Погледнете дел од неговите фотографии:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...
Како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер во „Два и пол мажи“? Ќелав, со брада, дотеран во елегантни одела - како изгледа денес актерот кој го ...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg