Христијански култови, навреди кон колегите – шармантното детенце од Two and a Half Men изгледа како друга личност (фото)
- Детали
- четврток, 02 септември 2021
Сите го помниме како слаткото детенце Џејк од Two and a Half Men, кое секојпат имаше нешто „паметно“ за кажување, но веројатно денес не би го препознале Ангус Т. Џонс.
Иако Ангус Т. Џонс (27) беше најплатениот актер тинејџер во Холивуд, откако се oткажа од Two and a Half Men, се држи подалеку од јавноста. Па, вистинска реткост е да видиме некоја фотка од него.
Ангус, кој се откажа од серијата и ја нарекуваше „одвратна“, беше забележан како влегува во автомобил во Лос Анџелес. Актерот носеше маичка и кратки панталони, а она што привлекува најмногу внимание е фактот дека оди бос. Ангус пуштил и долга брада, па е речиси невозможно да го препознаете.
Прочитајте и Дру Баримор боса се шета по улиците низ Њујорк - минувачите во неверување (фото)
Ангус ја имаше една од главните улоги во Two and a Half Man, рамо до рамо со Чарли Шин, и тоа цели десет сезони – од 2003 до 2013 година. Кога ја доби улогата, Ангус имаше само 9 години, но веднаш ја освои јавноста со својот шарм.
Ангус заработуваше неверојатни 350.000 долари по епизода и е можеби најплатениот актер тинејџер во историјата на Холивуд. Денес неговото богатство се проценува на 20 милиони долари.
Околу 2010 година Ангус почна да ѝ се посветува на верата. Ја читал и ја проучувал Библијата и почнал да ја бара најдобрата црква за него. На крај се одлучил за еден вид подгрупа на Адвентистичката црква и вели дека се „заразил“ уште на првата служба на којашто присуствувал.
Тогаш актерот имаше едвај 17 години и наводно неговото семејство почнало да се загрижува дека ѝ посветува премногу време на религијата и дека тоа ќе има лоши последици. Всушност, тие биле убедени дека Ангус станал дел од некаков култ.