„Гените се чудо“ - Ќерката на Моника Белучи со убавината е доследна наследничка на мајка си
- Детали
- недела, 05 септември 2021
На само 16 години ќерката на Моника Белучи и на Винсент Касел, Дева Касел веќе почна да го освојува модниот свет. Неодамна таа зачекори и на модната писта на модното шоу на Dolce & Gabbana, но што знаеме за неа?
Дева Касел веќе се појавувала на насловните страници заедно со нејзината мајка Моника Белучи. Многумина коментираат дека Дева во целост ја наследила убавината на мајка ѝ, а со оглед на тоа што нејзините родители и двајцата се познати актери, сосема е очекувано и Дева да избере професија со која што ќе биде постојано во фокусот на јавноста – дали како актерка или како модел.
Моника Белучи (56) и Винсент Касел (54) се запознаа во 1996-тата година за време на снимањето на францускиот филм The Apartment. Три години подоцна стапија во брак и заедно имаат две ќерки, Дева (16) и Леони (11). Моника и Винсент се разведоа во 2013-тата година.
Прочитајте и Ја нарекуваат „божица на природната убавина“, во брак е со 30 години постариот актер Винсент Касел – која е прекрасната Тина Кунаки?!
Минатата година Винсент и Моника беа забележани заедно кога дојдоа да ѝ дадат поддршка на тогаш 15-годишната Дева за време на снимањето на рекламата за парфемот на Dolce & Gabbana.
Во продолжение некои помалку познати факти за Дева:
Иако веќе прошета на модната писта и беше дел од кампањата на Dolce & Gabbana Дева сè уште не излегла да проговори и да каже кои ѝ се плановите за во иднина. Таа неодамна се фотографираше заедно со мајка ѝ за насловната страница на Vogue, но нема изразено што планира да прави понатаму.
Оние посуеверните може да кажат дека Дева била предодредена да стане модел уште додека била во утробата на мајка ѝ, затоа што Моника се фотографирала гола за модни списанија додека била бремена со неа.
Доколку го отворите нејзиниот профил на Инстаграм, ќе сфатите дека Дева не е од оние млади луѓе што се опседнати со социјалните мрежи и дека ги користи само за работа. Таа не следи никого на Инстаграм, а има вкупно 465.000 следбеници. Солидно, нели!?
Иако веќе ги освојува срцата на публиката, Дева сè уште не е подготвена во целост да се посвети на кариерата, туку приоритет ѝ е образованието. Моника Белучи во интервју за L’Officiel изјави:
„Мислам дека сака да го продолжи образованието со сите тешкотии и убавината да се биде тинејџер“.
Дева е мошне млада, но освен тоа што е посветена на образованието за неа се знае дека говори три јазици. Таа говори течно англиски јазик, како и мајчините јазици на нејзините родители, италијански и француски.
Настрана од тоа што ќе го избере како професија и од кариерата на нејзините родители Дева во основа е мошне повлечена личност што сака својот живот да го чува подалеку од очите на јавноста. Во минатото таа објавуваше и фотографии на Инстаграм, за кои се претпоставува дека се направени со нејзиното момче.
Погледнете повеќе фотографии од Дева во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело