Им ги криеше лицата, ги „штитеше“ од светот: Каков татко беше Мајкл Џексон + нови фотки од неговите деца

Иако репутацијата на најголемата музичка ѕвезда беше уништена поради бројните гласни и обвиненија, неговите деца тврдат дека тој бил нормален татко за кого најважна била среќата на неговите деца. Пејачот почина во 2009 година, а на 30-ти август ќе наполнеше 63 години.

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-01.jpg

Ретко кој ќе го надмине успехот на Мајкл Џексон кој со децении важи за најголемата музичка ѕвезда на сите времиња, дури и по неговата смрт. Но и покрај популарноста и бројните фанови, репутацијата на пејачот беше уништена поради обвиненијата за злоупотреба на деца и многуте мистерии поврзани со неговиот ранч Neverland.

Сепак, неговите деца до денес стојат на негова страна и ја негираат секоја лоша гласина за нивниот татко. Принц (24), Парис (23) и Бланкет (19) се веќе возрасни личности кои неретко ја користат можноста да му покажат на светот каков татко бил Мајкл. А, секој од нив има само добри зборови.

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-10.JPG

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-12.JPG

Во интервју за Rolling Stone, 23-годишната Парис откри дека татко ѝ ја правел најсреќната личност во светот, но и дека кога биле мали, со нејзините браќа не знаеле кој е всушност татко им.

im-gi-krieshe-licata-gi-shtiteshe-od-svetot-kakov-tatko-beshe-majkl-djekson-novi-fotki-od-negovite-deca03.JPG

„Мислев дека неговото име е ’тато‘. Навистина не знаевме кој всушност е. Но тој беше нашиот свет, а ние неговиот“.

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-02.JPG

Парис вели дека тие самите одлучиле да не одат на училиште бидејќи сакале да минуваат што е можно повеќе време со татко им.

Пред смртта на Мајкл во 2009 година, неговите деца ретко го напуштале ранчот и речиси и да не познавале деца на нивна возраст, но биле пресреќни што минуваат толку многу време со нивниот татко.

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-03.JPG

Најстариот син на Мајкл – Принц – вели дека за него било вистински шок кога сфатил кој е татко му.

„Почнав да забележувам дека кога ќе излеземе, луѓето постојано нè следат. Само ја подаваат раката и сакаат да го допрат тато“.

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-6.JPG

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-04.JPG

Принц се сеќава и на мигот кога сфатил колку многу луѓето го сакаат Мајкл.

„Имаше настап и пред него имаше море од луѓе. Некои од публиката губеа свест. Го прашав тато ’Зошто губат свест? Јас те гледам секој ден и не се онесвестувам‘. Во тој миг сфатив дека луѓето навистина го сакаат тато“.

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-05.JPG

Бланкет, најмалото дете на Мајкл, ќе остане запомнето како бебето што Мајкл го држеше преку балкон во Берлин. И покрај овој бизарен настан, Бланкет вели дека Мајкл е личноста што го охрабрила да ги следи неговите соништа.

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-08.JPG

„Некогаш одев во собата на тато додека тој се подготвуваше за настап и го гледав. Беше одличен танчар, многу добар танчар. Јас не можам ни да пејам, ни да танцувам. Не сум таква личност. Но сакам да бидам режисер. Тато ми рече дека добро би било да го прават тоа што навистина го сакам“, изјави Бланкет во поодамнешно интервју.

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-07.JPG

Постарите деца на Мајкл, Парис и Принц, имаат иста мајка – Деби Роу – со која Мајкл беше во брак до 1996 година. Бланкет е добиен со сурогат мајка, чиј идентитет е непознат. Всушност, дури и во изводот на Бланкет не е наведено името на мајката.

im-gi-krieshe-licata-gi-shtiteshe-od-svetot-kakov-tatko-beshe-majkl-djekson-novi-fotki-od-negovite-deca02.JPG

Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година поради предозирање со лекови. Подоцна се утврди дека неговата смрт е всушност ненамерно убиство и лекарот што му ги препишувал лековите си заработи казна затвор од четири години. Поради добро однесување, лекарот беше пуштен на слобода две години подоцна.

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-9.JPG

Децата на пејачот, кој сега би имал 63 години, велат дека уште тешко се справуваат со неговата смрт. Сепак, тие беа само дечиња кога го изгубија татко им.

„Велат дека времето лекува. Но ова не е точно. Само се навикнуваш. Одиме напред со помислата дека ако се случи нешто лошо, нема да биде ни приближно лошо како она што било претходно. Постојано го чувствувам со мене“, изјави Парис во 2017 година.

nie-bevme-negoviot-svet-ne-znaevme-deka-e-poznat-emotivnite-zborovi-na-decata-na-majkl-dzhekson-za-tatko-im-11.JPG

Повеќе фотки од децата на Мајкл на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg