Никол Шерцингер, Ријана, Рита Ора – Сите славни девојки кои Формула возачот Луис Хамилтон успеа да ги освои

Луис Хамилтон е еден од најпознатите возачи во Формула 1, но за овој Британец очигледно е тешко да ја пронајде вистинската љубов. Го поврзувале со многу познати девојки: Никол Шерцингер, Ријана, Рита Ора, но со ниту една од нив не бил во посериозна врска.

nikol-shercinger-rijana-rita-ora-site-slavni-devojki-na-luis-hamilton-01.jpg

Луис Хамилтон (36) доби витешка титула од Кралицата Елизабета, на 13 години сам преговарал со директорот на тимот на Мекларен, Рон Денис, за да го примат во тимот, а познат е и по тоа што е мошне талентиран за музика, па на својот Инстаграм профил често објавува и видеа на кои свири на гитара.

Сепак, настрана од сите успеси Луис Хамилтон има проблем кога станува збор за наоѓањето на вистинската љубов.  

Досега го поврзувале со повеќе славни девојки, меѓу кои и со Ријана и Ники Минаж, но врските со овие две познати дами не ги потврдил сам во јавноста.

Во моментов Хамилтон не е во врска со никого, но да погледнеме со кои се славни девојки досега го поврзуваа:

Ники Минаж

Во 2018-тата година Луис Хамилтон го поврзуваа со познатата раперка Ники Минаж, откако беа забележани заедно на Модната недела во Њујорк.

По ова тие споделија заеднички фотографии од престојот во Дубаи, со што само дополнително ги подгреаја гласините. Но, очигледно од оваа врска не излезе ништо затоа што Ники сега е во среќен брак со Кенет Пети.

nikol-shercinger-rijana-rita-ora-site-slavni-devojki-na-luis-hamilton-02.png

Софија Ричи

Претходно, во 2017-тата за Луис Хамилтон се пишуваше дека е во врска и со манекенката Софија Ричи, која е ќерка на познатиот музичар Лајонел Ричи.

Тие беа забележани на модната недела во Париз во јануари, а неколку месеци подоцна се појавија и фотографии додека тие беа заедно на ручек.

nikol-shercinger-rijana-rita-ora-site-slavni-devojki-na-luis-hamilton-03.png

Вини Харлоу

Вини Харлоу сега е во среќна врска со НБА кошаркарот Кајл Кузма, но во периодот во 2016-тата година ја поврзуваа со Луис Хамилтон. Тие заедно беа забележани на доделувањето на наградите на GQ во септември 2016-тата година.

Сепак, Луис ги збуни сите што шпекулираа за нивната наводна врска откако објави фотографија на Snapchat до која напиша дека Вини му е „малата сестричка“.

nikol-shercinger-rijana-rita-ora-site-slavni-devojki-na-luis-hamilton-04.png

Рита Ора

Рита Ора сега ја поврзуваат со режисерот на Thor, Таика Ваитити, но во 2016-тата година таблоидите пишуваа за нејзината врска со Ф1 возачот Хамилтон.

Тие беа заедно на одмор, а по ова таа присуствуваше и му даде поддршка на своето момче на Гранд При трката во Абу Даби.

Тие никогаш јавно не ја потврдија врската, но беа забележани заедно во повеќе наврати.

nikol-shercinger-rijana-rita-ora-site-slavni-devojki-na-luis-hamilton-05.png

Ријана

Ријана и Хамилтон беа долгогодишни пријатели, а во 2015-тата година се појавија низа гласини дека тие конечно се и во романтична врска откако во повеќе наврати беа забележани заедно во Њујорк, како и за време на карневалот во Барбадос.

nikol-shercinger-rijana-rita-ora-site-slavni-devojki-na-luis-hamilton-06.png

Никол Шерцингер

Никол Шерцингер сега е во врска со Том Еванс, но во периодот од 2007-мата до 2015-тата таа беше во врска со Луис Хамилтон.

Тие беа заедно цели седум години, но не се гледаа постојано. Во 2015-тата година открија дека раскинале, а една година подоцна Никол призна дека во целост ги прекинала контактите со поранешното момче.

nikol-shercinger-rijana-rita-ora-site-slavni-devojki-na-luis-hamilton-08.png

Меѓу другите девојки што претходно се поврзувале со Хамилтон се и Вивиен Буркхардт, Лота Хинтса, Џодиа Ма и Даниел Луис.

nikol-shercinger-rijana-rita-ora-site-slavni-devojki-na-luis-hamilton-10.png

Возачот на Формула 1 досега јавно ја потврдил само врската со Никол Шерцингер со која беше и најдолго време.

nikol-shercinger-rijana-rita-ora-site-slavni-devojki-na-luis-hamilton-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Обожавал 14-годишни девици, сакал да гледа парови додека водат љубов: Сите фетиши на Елвис Присли Кралот на рокенролот, Елвис Присли, живеел развратен живот. Најмногу сакал девиц...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Никол Кидман згодна во монокини на 56 години, сопругот не може да ги тргне рацете од неа На плажа со Никол и Кит беше и нивната помала ќерка Фејт, која неодамна наполни ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg