Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
QA Engineer 11-02-2025
QA Engineer 11-02-2025
QA Engineer 11-02-2025
.Net Developer 11-02-2025


Жената на Сталоне е инспирација – 53 години, три ќерки и ниту грам сало (фото)

Сопругата на Силвестер Сталоне, Џенифер Флејвин, во својата 53-та година од животот може да се пофали со совршено витка фигура, и покрај раѓањето на три ќерки.

Zenata-na-Stalone-e-inspiracija-01.jpg

Иако „парите си го прават своето“ и со сигурност може да потврдиме дека не е тешко да изгледаш добро кога имаш ресурси, кај Флејвин сепак се забележуваат годините поминати во напорни тренинзи и водењето грижа за сопствениот изглед.

Поранешната манекенка решила да ја задржи витката фигура и во шестата деценија од животот. Семејството Сталоне е познато по тоа што целото семејство води многу грижа за начинот на исхрана и дека секој од нив секојдневно вежба по 2 часа.

Zenata-na-Stalone-e-inspiracija (2).jpg

Џенифер оваа задача си ја сфатила мошне сериозно.

„Обожавам да трчам или да шетам рано наутро низ соседството додека сите спијат или додека децата одеа на училиште. Повремено работам со тренер во теретана или кревам тегови дома. Знам дека тоа е особено важно за моите коски“.

Таа внимава и да си обезбеди доволно сон, за да изгледа свежо и да се чувствува одморено.

„Знам дека 8 часа сон во денешно време се предизвик. Но, спијте колку што можете повеќе. Секој ден одвојувам по 30 минути за да прочитам нешто или едноставно да слушам музика. Понекогаш е доволно само да седнете и да се потсмирите“.

Zenata-na-Stalone-e-inspiracija (1).jpg

Она што најмногу сака да го пие е – вода.

„Водата е главна во нашиот дом. Сите одиме наоколу носејќи шишенце со вода. Особено во текот на летото. Јас имам обичај да си ставам вода во една голема чаша и да ја пијам додека се движам низ домот“.

Покрај тренинзите и големите количини на испиена вода, Џенифер особено многу внимава на грижата и негата на кожата.

„Каде и да одам, секогаш со себе носам крем за заштита од сонцето. Сакам да бидам сигурна дека мојата кожа е заштитена“.

Очигледно сите овие совети се исплатливи, фотките за 53-годишната инспиративна жена на Сталоне говорат сами по себе.

Како изгледа Џенифер низ фотки:

(О)Милена| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg