Се знаат од деца, а во брак се 39 години и покрај проблемите – Која е сопругата на Боно од U2, со која моментално е во Сараево?
- Детали
- понеделник, 16 август 2021
Повеќе песни на U2 се инспирирани од нивната неповторлива љубовна приказна. Боно Вокс и Али Хјуит се во брак 39 години, а се познаваат откако биле деца. Деновиве заедно прошетаа на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Сарајево.
По повеќегодишна пауза Боно Вокс одлучи повторно да се појави на црвениот тепих и тоа на Филмскиот фестивал во Сараево. Познатиот ирски музичар се појави заедно со сопругата.
Која е Али Хјусон и што знаеме за неа?
Боно Вокс (61) и неговата сопруга Али Хјусон (60) важат за брачен пар што не го следи трендот на брза завршница на приказната, што е мошне често кај познатите личности.
Тие се во брак од 1982-та година, а на 21-ви август ќе ја прослават 39-тата годишница од бракот.
Нивната приказна оди речиси цела деценија наназад во 1973-тата година кога се запознале во училиштето Mount Temple, каде учеле и двајцата.
Боно тагаш имал само 13 години и бил еден клас понапред од Али (12). Сепак, Боно, тогаш познат како Пол Хјусон, постојано барал начин како да ѝ се приближи и да разговара со неа.
Уште првиот ден застанал да ја праша каде е неговата училница. Таа вели дека, додека кришум го набљудувала во училишниот двор, уште на четвртиот ден знаела дека тоа е момчето за неа, но двајцата чекале да наполнат 15 години за да започнат врска.
По 3 години (во 1976-тата година) Пол, односно Боно го формира култниот бенд U2, а во 1982-тата година конечно застанува пред олтар и со неговата долгогодишна девојка Али.
Кум на свадбата бил членот од U2 , Адам Клејтон, а Али носела венчаница изработена од нејзината мајка.
Речиси цели 4 децении Али стоела до Боно, додека тој ја градел кариерата. Иако U2 како бенд се стекна со светска слава и нивните хитови ќе бидат засекогаш забележани во музичката историја, Али секогаш била во заднина и не сакала премногу да се пласира во јавноста.
Во 1993-тата година во едно ретко интервју за магазинот More, Али рече дека некогаш посакувала да се омажи за нормален „Џо Блогс“ од Даблин:
„Понекогаш, да, посакувам да беше така, но, никогаш не запознав некој Џо Блогс. Не познавам никој што е нормален – сите имаат по некоја своја маана. Понекогаш посакувам само животот да беше поедноставен. Но, не можам да го замислам Боно да работи на работно место од 9 до 5. Би полудел“.
Како еден од поретко познатите факти е дека песната The Sweetest Thing, Боно ја напишал како извинување затоа што работел за време на нејзиниот роденден додека го снимал албумот The Joshua Tree.
Боно и Али имаат 4 деца: во 1989-тата година ја добија ќерката Џордан, во 1991-вата ќерката Мемфис Ив, во 1999-тата синот Елајџа и во 2001-вата синот Џон.
Уште една култна песна на U2 што е инспирирана од нивната љубовна приказна е и песната Ordinary Love.
„Али и јас веројатно сега сме повљубени еден во друг отколку кога почнавме да се забавуваме. Сметам дека овој факт често се занемарува, но кога луѓето заедно ќе ги поминат проблемите и ќе останат заедно тоа е ‘вистинска љубов’“ – рече Боно во една прилика додека говореше за инспирацијата зад оваа песна.
Боно и Али во неделата се појавија заедно на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сараево. Тие беа специјални гости на фестивалот во градот што го смета ирсскиот музичар за свој почесен гостин, пред сè за клучната улога што тој ја одигра во 90-тите за свртување на вниманието на светската јавност кон војната во БиХ.
фото: RadioSarajevo
Тој присуствуваше на филмскиот фестивал по повод реставрацијата на филмот Million Dollar Hotel на Вим Вендерс.
фото: RadioSarajevo
Ова е вторпат Боно да присуствува на филмскиот фестивал во Сараево. Тој беше присутен на премиерата на филмот Million Dollar Hotel во 2000-тата година. Боно заедно со Николас Клајн го напиша сценариото за филмот, а ја компонираше и музиката.
фото: RadioSarajevo
Главните улоги во овој филм ги толкуваа Џереми Дејвис, Мила Јовович и Мел Гибсон, а беше добитник и на наградата „Златна мечка“, на Филмскиот фестивал во Берлин во 2000-тата година.
Б. С. Б. | Црнобело