Дејвид Гета (53) и 25 години помладата девојка мамат воздишки на Миконос - Која е тајната за неговото извајано тело?
- Детали
- понеделник, 09 август 2021
Дејвид Гета често го покажува извајаното тело во јавност. Овојпат со девојката Џесика Ледон (28) беа забележани како уживаат на плажа во Миконос, Грција. Која е тајната за неговиот младешки изглед?
Обожавателите на популарниот диџеј знаат дека неговото совршено тело се должи на интензивниот фитнес режим. Тој изгледаше совршено со сините кратки пантолони и разголеното торзо.
Тој е познат по тоа што во целост е посветен на тоа да го одржи телото во топ форма. Тој се занимава со повеќе спортови што се клучни за тоа да биде во најдобрата форма. Дејвид се занимава со сурфање што му помага да ги затегне во целост мускулите на телото, но и со тенис што е познат за подобрување на силата и брзината.
„Се будам, појадувам, одам во теретана, ручам, па потоа почнувам со работа. Навечер, го земам авионот и одам на настап и по настапот легнувам да спијам. Потребни се големи напори за да постигнам сè, но јас сум мошне мотивирана личност“ – откри тој во 2017-тата година за Ask Men.
Тој тогаш додаде дека негова главна цел е да го промени изгледот на неговото тело, односно да ја одржи истата телесна тежина, но да има повеќе мускули и да изгуби масно ткиво.
„Не сакам да бидам голем, само сакам да имам подефинирано и посилно тело“ – истакна тој.
Што се однесува до исхраната тој претходно истакнал дека јаде по 4 оброци дневно и две ужини. Тој истакна дека задолжително се труди во исхраната да внесе здрави масти како авокадо, јаткасти плодови, лосос и за подготвување користи само маслиново масло.
Неговата 25 години помлада девојка Џесика Ледон (28) изгледаше совршено во зелени полутанга бикини. Дејвид и Џесика честопати се фатени од фотографите како во јавност се бакнуваат и разменуваат нежности, а и овојпат тоа не беше исклучок. Камерите ги уловија нивните страсни бакнежи откако тие двајцата станаа и решија да си заминат од плажата.
Инаку, Дејвид и Џесика се заедно од 2015-тата година, а францускиот Ди-Џеј на својата девојка ѝ подарил прстен во знак на верност, затоа што тој повеќе не верува во брак.
Погледнете повеќе фотографии од нивниот одмор во галеријата:
Б. С. Б. | Црнобело