Ѕвезди кои одбраа „обични“ луѓе за свои животни сопатници и не погрешија (фото)
- Детали
- сабота, 14 август 2021
Врските на славните понекогаш траат премногу кратко поради вниманието кои го добива парот од страна на папараците. Дел од холивудските ѕвезди го научиле рецептот за долга и среќна врска. Едноставно биди со некој што не е славен и популарен како тебе за бракот да потрае.
Кои ѕвезди одбраа сосема „обични“, анонимни луѓе за свои животни сопатници?
Риз Ахмед и Фатима Фарин Мирза
Славниот актер се запознал со Фатима во кафуле кога случајно седнале на истата маса. Двајцата сакале да ги вклучат своите лаптопи во истиот штекер. Двојката се венчаше лани, во 2020 година, за време на пандемијата.
Мерил Стрип и Дон Гумер
Во брак се од 1978 година. Сопругот на Мерил Стрип е скулптор и заедно имаат 4 деца.
Мет Дејмон и Лусијана Баросо
Актерот ја запознал сопругата додека работела како келнерка во бар. Тој признава дека ја забележал веднаш во барот преполн со луѓе. Интересно е што воопшто не сакал да оди на пијачка после снимањето, но колегите го натерале. Во брак се од 2005 година.
Ен Хатавеј и Адам Шулман
Од моментот кога го запознала, Ен знаела дека Адам е љубовта на нејзиниот живот и дека ќе се омажи за него. Тој е дизајнер на накит, во брак се од 2012 година, а се запознале за време на филмски фестивал преку заеднички пријатели.
Рис Витерспун и Џим Тот
Двојката е во брак веќе 10 години, а се запознале прилично интересно – на забава, додека пијан гостин ѝ се додворувал на Рис, а Џим морал да интервенира за да ја одбрани. Џим работи како менаџер, а досега ги има застапувано Скарлет Јохансон, Роберт Дауни Џуниор и Метју Меконахи.
Патрик Демпси и Џилијан Финк
Ѕвездата на Grey’s Anatomy е во брак со Џилијан Финк која работела како фризерка во салонот каде што тој имал закажано стилизирање. Им биле потребни 3 години и многубројни фризури додека да излезат, а се венчаа во 1999 година.
Алек Болдвин и Хиларија Болдвин
Се запознале во вегански ресторан во 2011 година, а веќе следната стапија во брак. Хиларија тогаш работела како јога инструктор.
Кристијан Бејл и Сиби Блажиќ
Сиби работела како личен асистент на Винона Рајдер, кога го запознала Бејл за време на пикник со скара што го организирала актерката. Се венчаа во Лас Вегас во 2000 година.
Џенифер Лоренс и Кук Марони
Таа е славна актерка, а Кук е трговец со уметнички дела. Се запознале преку заеднички пријател, а во брак се од 2019 година.
(О)Милена | Црнобело