Повторно танц и романтика: Џанлука Ваки и Шерон Фонсека на одмор на Сардинија (фото+видео)
- Детали
- сабота, 07 август 2021
Џанлука Ваки танцува како во старите добри времиња на својата јахта, уникатен како и секогаш... Со семејството одморот го мина на италијанскиот остров Сардинија.
Џанула Ваки и Шерон Фонсека годинава како дестинација за одмор ја избраа Сардинија. Се разбира, повторно на нивната јахта и повторно далеку од љубопитните погледи на луѓето.
Само во својот мал совршен свет тие повторно танцуваа и се забавуваа на свој начин.
Џанлука објави дека ова е првото капење во море на неговата ќеркичка, а потоа објавиja и видео на кое ја прегрнува Шерон и со неа скока во вода и се шегува „Кога жена ти ќе ти каже дека не сака да ја водени косата.“
Инаку, Шерон неодамна (05.08) објави емотивна порака по повод роденденот на својот сакан во која напиша дека тој е нејзиниот ангел чувар, дека е човек што знае да си ги исполнува соништата и дека е среќна што го има во животот.
Фотки и видеа од одморот на Џанлука Ваки и семејството: