Скиентолошката црква им се мешала во врската – Детали за љубовната романса помеѓу Том Круз и Пенелопе
- Детали
- сабота, 31 јули 2021
Се сеќавате ли дека по разводот со Никол Кидман, Том се впушти во романса со Пенелопе Круз, која траеше три години, а удел во причината за нивниот крај имала и скиентолошката црква.
Почетокот на новиот милениум го обележаа врските меѓу повеќе познати парови, како Бред Пит и Џенифер Анистон, Џенифер Лопез и Бен Афлек и секако Том Круз и Пенелопе Круз. Том и Пенелопе беа заедно подолг период, па дури има информации и дека размислувале за заеднички живот.
По раскинувањето на врската Том Круз почна нов живот со Кејти Холмс, а речиси и сите заборавија дека некогаш бил во врска со познатата шпанска актерка.
Сепак, познати се неколку факти – за тоа како се запознале, некои посочни детали од нивната врска, но и за тоа зошто и како раскинаа.
Да се потсетиме на нивната љубовна приказна во продолжение:
Се сретнаа на сетот на филмот „Vanilla Sky“ (2001)
Пенелопе Круз и Том Круз за првпат се сретнаа на сетот на снимањето на филмот Vanilla Sky (2001), хит трилерот на Камерон Кроу во 2000-тата година. Том Круз го играше милионерот што се вљуби во шармантната Софија (Пенелопе Круз).
Во времето кога се запознаа Том Круз уште беше во брак со Никол Кидман
Том Круз и Никол Кидман стапија во брак во 1990-тата година. Тие беа во брак 10 години, посвоија 2 деца и заедно играа во два филма. Тие поднесоа документи за развод во 2001-вата година поради „ненадминливи разлики“. Разводот беше финализиран по седум месеци, по што актерот почна да се појавува во јавност со новата девојка.
Кога започна романсата?
Том и Пенелопе почнаа да се појавуваат заедно во јавност веднаш по разводот, но многумина шпекулираа дека тие двајца биле во врска и претходно. Пенелопе Круз тврдеше дека врската не почнала за време на снимањето на филмот туку подоцна.
„Никогаш не сум се вљубила во некого со кого работам. Тоа секогаш се случувало подоцна“ – изјави таа во тој период.
Љубовта згасна за само 3 години
Романсата меѓу Том Круз и Пенелопе Круз траеше речиси три години од 2001-ва година до јануари 2004-та. Во периодот кога почнаа да се забавуваат Том Круз само што наполни 39 години, а Пенелопе имаше 27.
Том Круз јавно покажуваше дека сака да ја разгалува својата нова девојка. Тој често говореше дека таа сака домашни јадења, па така тој често готвеша за неа. Понекогаш тој знаеше да ја пречека дома со подготвена када за да се опушти. Но, сепак, романтичната фаза не траеше предолго.
Том Круз планираше да ја побара за жена
Том Круз беше мошне вљубен во шпанската актерка па се очекуваше дека наскоро ќе ѝ предложи брак. Доколку прифатеше, таа ќе беше неговата трета сопруга.
Инаку, актерот веќе беше познат по тоа што брзо се одлучуваше за брак. Тој ѝ предложи брак на Кидман по само десет месеци откако неговиот брак со Мими Роџерс беше финализиран.
Децата на Том не ја прифаќаа новата девојка на нивниот татко
Според дел од таблоидите, Пенелопе и Том имале проблеми во врската затоа што таа не можела да се вклопи во семејството и неговите деца не сакале да ја прифатат. Дополнително, таа не се чувствувала убаво затоа што Том сè уште бил во контакт со поранешната сопруга Никол Кидман и ѝ признал дека секогаш ќе ја сака.
Наводно, тоа се случувало зад затворени врати. Според официјалната верзија, тие двајцата се оддалечиле затоа што снимале филмови во различни делови од светот, па не поминувале доволно време заедно.
Скиентолошката црква
Иако голем број познати личности се одлучија да ја напуштат скиентологијата, Том Круз сè уште е еден од најпосветените следбеници.
Некои медиуми пишуваат дека Пенелопе ја раскинала врската затоа што се чувствувала како црквата да била третиот партнер во нивната врска.
Пенелопе нема ништо против религијата, но не се пронаоѓала себеси во неа. Таа му се воодушевувала на посветеноста на Том, но чувствувала дека тоа не е за неа и не сакала да се откаже од сопствениот живот.
Кој кого напушти?
Откако помнала подолг период додека ги слушала доцните телефонски разговори меѓу Круз и Кидман и постојаната посветеност на Црквата, Пенелопе одлучила дека тој живот не е за неа. Се разделија мирно, без големи скандали. Во тоа време официјалното соопштение беше дека врската станала безлична и дека одлучиле да се разминат.
По раскинувањето со Пенелопе, Том веднаш стапи во врска со Кејти Холмс
Како и во претходните случаи, набргу по раскинувањето на врската со Пенелопе во 2004-тата година, Том веќе продолжи со нова врска. Во 2005-тата веќе се гледаше со Кејти Холмс. Тие се венчаа и во 2006-тата ја добија ќерката Сури.
По раскинувањето, Пенелопе се зафати со снимање филмови Сахара (2005) и Волвер (2006), а денес е во брак со шпанскиот актер Хавиер Бардем, со кого има две деца.
Прочитајте и Том Круз не ја видел својата ќерка од дете – како изгледа Сури (15) денес?
Б. С. Б. | Црнобело