Таткото на Ејми Вајнхаус: „Не сакам да ја памтат како зависник, и по 10 години како да е тука – нејзиниот дух ме посети“

Годинава се навршуваат десет години од трагичната смрт на Ејми Вајнхаус, а нејзиниот татко Мич во интервју говореше за тоа како сè уште ја чувствува како да е до него, па во една прилика го почувствувал и нејзиниот дух.

Tatkoto-na-Ejmi-Vajnhaus-Ne-sakam-da-ja-pamtat-kako-zavisnik-i-po-10-godini-kako-da-e-tuka-i-nejziniot-duh-me-poseti-01.jpg

Во разговор за Jewish News родителите на Ејми повторно го осудија филмот што беше направен за неа, затоа што велат дека не ја прикажува нивната ќерка таква каква што била: како девојка што била одгледана во нормално семејство, со пријатели и која еден ден сонувала да биде мајка.

Тој во еден миг говори и за тоа како и по десет години сè уште го чувствува нејзиното присуство, а во една прилика пред три години имал можност да го почувствува и нејзиниот дух додека една вечер престојувал во нејзиниот стан.

„Пред три години престојував во станот на Ејми и почувствував како нешто дојде низ прозорецот и влезе до мојот грб. Се чувствував како некој да ми ставил електрична четка за заби на грбот.

Чувството беше мошне драматично, но ми беше убаво. Погледнав на часовникот и беше 5.02 часот наутро. Помислив дека имам мозочен или срцев удар, но потоа се смирив. Отидов да видам една жена што комуницира со мртвите и таа ми рече дека Ејми дошла да ме посети.

Ја чувствувам цело време и знам дека и Џенис ја чувствува. Мојот син Алекс вели дека ја видел во сино светло. Сите го чувствуваме нејзиното присуство“ – вели Мич.

Tatkoto-na-Ejmi-Vajnhaus-Ne-sakam-da-ja-pamtat-kako-zavisnik-i-po-10-godini-kako-da-e-02.jpg

Таткото на пејачката што почина прерано на 27-годишна возраст од труење со алкохол, имал можност „во прв ред“ да ги следи настаните како неговата ќерка успеала да ја вивне својата кариера, па од пејачка во џез клубови во Камден и Сохо да стигне до Греми Награди.

Тој се надева дека ќе успее да ги оттргне сите митови што постојат за неа и да се осигура дека јавноста ќе ја помни по нејзиниот талент и по добродушноста.

Tatkoto-na-Ejmi-Vajnhaus-Ne-sakam-da-ja-pamtat-kako-zavisnik-i-po-10-godini-kako-da-e-03.jpg

Таткото Мич и нејзината мајка Џенис, како и повеќе други нејзини пријатели говорат во документарниот филм на BBC2, насловен Reclaiming Amy, и ќе се обидат да ја прикажат онаква каква што навистина била.

Во новиот филм роднините и пријателите ја опишуваат како „обична“ девојка што пораснала во Саутгејт. Таа, како што велат, била опкружена со членовите на најблиското семејство и тесниот круг на пријатели. За неа велат дека била способна да сака и била мошне сакана од луѓето што ќе направеле сè за да биде среќна.

Како што велат таа имала безобразна смисла за хумор и еден ден сонувала да стане мајка.

Tatkoto-na-Ejmi-Vajnhaus-Ne-sakam-da-ja-pamtat-kako-zavisnik-i-po-10-godini-kako-da-e-04.jpg

Но, никој не се плаши да ја спомне и другата страна на Ејми, која се борела со нарушувања во исхраната, која издржала екстремна, деструктивна врска со Блејк Филдер Цивил, кој имал проблеми за нејзината сексуалност затоа што спиела со другарка и кој не дозволувал да побараат помош за нејзините проблеми со менталното здравје и зависноста од дроги.

Мич го коментира филмот на оскаровецот Асиф Кападиа за Ејми па вели:

„Лесно е за него да каже дека можевме да направиме повеќе или дека требало да направиме ова или она. Единствениот начин за да дознае што е зависност, е не дај Боже, некој од неговото семејство да се бори со тоа. Филмот беше навредлив, не само за нас, туку за секое семејство што се бори со зависности“ – рече Мич.

Tatkoto-na-Ejmi-Vajnhaus-Ne-sakam-da-ja-pamtat-kako-zavisnik-i-po-10-godini-kako-da-e-05.jpg

Музиката на Ејми продолжува да заработува милиони од авторски права, додека во нејзино име е формирана добротворна организација што ги едуцира девојчињата за опасностите од користење дроги и изградено е засолниште што може да прими и до 16 жени што бегаат од зависностите и од семејното насилство.

Погледнете го трејлерот за новиот документарен филм за Ејми:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg