5 ѕвезди кои не знаевте дека имаат дијагностицирано ADHD
- Детали
- недела, 25 јули 2021
Овие добро познати имиња докажуваат дека ADHD дијагнозата не е нешто поради што не може да се успее во животот.
ADHD дијагнозата стана честа тема изминативе неколку години и се дефинира како недостаток на концентрација во комбинација во високо ниво на енергија, речиси хиперактивност.
Но, без разлика на неа, овие 5 ѕвезди живеат сосема нормално:
1. Бритни Спирс
Менталното здравје на Бритни е во фокусот веќе неколку години, но речиси никој не знае дека има дијагноза на ADHD. Уште како тинејџерка се соочила со оваа дијагноза, но моментално и без никакви терапии, одлично се справува и е стабилна.
2. Мајкл Џордан
Дури и со ADHD дијагноза, важи за најдобриот кошаркар на сите времиња. Тој верува дека енергијата која ја има му помогнала да го даде максимумот на теренот.
3. Парис Хилтон
Парис Хилтон во 2007-ма година првпат призна за дијагнозата со ADHD, која ја имала уште како дете, кога и била под терапија.
4. Ема Вотсон
Ѕвездата од Хари Потер исто така имала рана дијагноза на ADHD, но тоа не ја спречило да си ги оствари соништата, и образовни и кариерни. Смета дека ADHD дијагнозата не значи смрт на креативноста и успехот.
5. Џастин Бибер
Во неколку наврати менталното здравје на Џастин Бибер беше под знак прашалник, но ретко кој знаеше дека има дијагноза на ADHD. Неговите моментални иритации и реакции изминативе години ги стави под контрола.
М. Д. | Црнобело